Вистинските мажи ги обожаваат! Откријте на кои 5 женски навики мажите не можат да им одолеат
Не е голема новост дека носењето секси долна облека ги возбудува припадниците на посилниот пол, но кај жените постојат уште некои навики кои вистинските мажи ги обожаваат. Вистинскиот маж не бара кукла, туку интелигентна, полна со самодоверба и забавна жена со која може да ги открие сите квалитети на врската.
1. Кога жената ужива во храната
Вистинскиот маж го сака погледот на жената која ужива во својот хамбургер, помфрит и друг вид брза храна. Особено ако тоа го прави без извинување и задржување, а притоа не ѝ е грижа дали ќе се извалка. Од друга страна пак, тој не сака кога таа е на диета, не јаде голем број производи и не ужива во својата храна.
2. Кога жената знае да го цитира омилениот филм/книга/претстава
Мажите ги привлекуваат интелигентни жени, но има нешто посебно кај жените кои во секојдневниот разговор знаат да додадат некој цитат од некој филм, серија или книга.
3. Кога жената одговара на поставеното прашање со „Може, зошто да не?“
Жената која има авантуристички дух и желба да испроба голем број работи барем по еднаш во животот е ултимативна машка фантазија. Притоа не мислиме само на жени кои сакаат да експериментираат во кревет, туку и надвор од него – во секојдневниот живот – со нови вкусови, искуства и активности.
4. Кога жената на социјалните мрежи не објавува само селфи фотографии
Вистинскиот маж го привлекуваат жени кои се интересираат за повеќе работи, а не оние кои се заинтересирани само за објавување на својот портрет. Ќе го привлече онаа која фотографирала атрактивна зграда, вкусен оброк, чуден облак на небото и слични работи.
5. Кога жената е толку многу сконцентрирана што игнорира сè друго околу себе
Мажите ги привлекуваат жени кои толку можат да се сконцентрираат на некоја активност што ќе заборават на сè друго околу себе. Без разлика за што станува збор, дали е тоа чување на дете, пишување на работни задачи, готвење, мажот сака кога жената е насочена кон нешто, а особено кога нејзиното внимание е насочено кон него.