Вистинскиот начин да прекинете долгогодишна врска

Вистинскиот начин да прекинете долгогодишна врска

Уште веднаш да расчистиме – не постои добар начин да заврши една долгогодишна врска во која двајца луѓе вложиле многу труд, внимание и љубов. Нема да биде лесно и безболно ако треба да дојде до тоа, но со помош на овие неколку совети, може да биде барем малку подобро.

Вистинскиот начин да прекинете долгогодишна врска

Бидете сигурни дека ја носите вистинската одлука

Имајте на ум дека кога носите одлука да раскинете љубовна врска, вие всушност ефикасно ги раскинувате сите врски на доверба и интимност кои сте ги имале со вашиот партнер, па подобро е да бидете сигурни што правите.
Многу е важно дали вашата одлука ја донесувате во момент кога емоциите ви се на многу високо ниво, што обично се случува во големи кавги, или пак таа одлука долго време сте ја крчкале во главата.

Запрашајте се:
  • Дали проблемот кој е причина за раскинување е од скоро? Дали постои начин тоа да се реши заедно со партнерот/партнерката?
  • Ако намалените или изгубените чувства се причина за раскинување, дали можеби сте размислиле за друг начин на кој би можеле да ја вратите изгубената страст?
  • Дали имате меѓусебно разговарано за проблемите?
  • Дали сте разговарале за проблемите со некој друг? Често луѓето кои се инволвирани во врската не можат добро да ги видат работите такви какви што навистина се.
  • Дали можеби премногу очекувате од партнерот/партнерката?
  • Дали прелесно се откажувате од тоа што го имате без да бидете свесни што можете да изгубите?
  • Важно е да се преиспитате себеси за овие работи, бидејќи ако не ги расчистите проблемите кои ги имате во врската, кои многу често се произведени од личните проблеми, само ќе си ги понесете со себе во наредната. А така, никогаш нема да пронајдете вистинска среќа.

Раскинете со почит

Ако ја прекинувате врската со многу драма и емоции, кога другиот всушност не направил ништо конкретно со што ве повредил, тогаш најверојатно барате дополнително внимание и не сакате вистински врската да заврши. Девојките на пример, често сакаат да чувствуваат дека на нивните момчиња им е грижа што раскинуваат. Ладното однесување од страна на мажите пак, уште повеќе ги разлутува.

Многу луѓе многу драмат при раскинувањето како резултат на несигурност и потреба да испровоцираат реакција или да ја префрлат вината на другиот за да се чувствуваат посилни при заминувањето.

Ако веќе сте донеле зрела и сигурна одлука, тогаш нема потреба да се разделите на лош начин со некој со кого сте делеле многу убави и интимни моменти. Зошто би сакале да го повредите повеќе отколку што веќе морате со самиот факт дека раскинувате?
Причината за раскинувањето не е оправдување за лошо однесување. Дури и ако причината е лошиот однос од страна на вашиот партнер, сигурно не треба да се спуштите на тоа ниво. Тоа нема ниту нешто да промени, ниту ќе ве направи посилни.

Вистинскиот начин да прекинете долгогодишна врска

Соочете се лице в лице

Едноставно, раскинувањето лице в лице е единствениот достоинствен начин да се направи оваа работа. Не посегнувајте по технологијата затоа што така е полесно. Фејсбук, Скајп, долг имејл – сето ова не е добра опција. Може да кажете нешто на што нема да можете да добиете природна реакција од партнерот. Така може никогаш да не дознаете што точно бил проблемот, дали бил во вас или во другиот и дали евентуално можел да се реши.

Исто така, не заминувајте си без збор. Како би ви се допаѓало вие да бидете откачени без објаснување? Зарем не би се чувствувале ништожно и мизерно, како да не сте ѝ значеле ништо на личноста со која сте поминале толку време?

Обидете се да простите

Полесно е да се каже одошто да се направи, особено кога партнерот или партнерката направиле нешто со што го испровоцирале завршетокот. Но, опростувањето не значи дека ги прифаќате нивните постапки, само значи дека ја прифаќате ситуацијата, дека сте свесни дека не можете заедно да бидете среќни и дека мора да се ослободите од лутината за да можете да продолжите понатаму, барајќи ја среќата со некој друг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар