Вистински предизвик: Поминете низ „пеколна недела“ за да го извлечете најдоброто од себе
Во Норвешка постои една интересна програма што се нарекува „Пеколна недела“ и им помага на војниците да го добијат потребниот тренинг за да бидат успешни во работата. Таа им овозможува вистински да го искусат животот, да го разберат значењето на малите нешта и комплетно да го променат погледот кон работите за само седум дена. Доколку и вие сакате да го извлечете максимумот од вашиот потенцијал, прочитајте како би требало да изгледаат вашите денови во текот на наредната недела…
Основните правила на „Пеколната недела“
1. Станувајте во 5 часот наутро и легнувајте си во 22 часот.
2. Бидете концентрирани, посветени и добро расположени цела недела. Работете напорно.
3. Држете се до планот.
4. Бидете позитивни, одлучни, енергични и активни.
5. Заборавете на телевизорот. За време на работното време не ги користете социјалните мрежи и не разговарајте на телефон со вашите пријатели.
6. Додајте и физичка работа во вашиот секојдневен живот.
7. Хранете се здраво цела недела, без брза храна и благо.
Понеделник: Стекнување навики
„Откажете се од лошите навики денес, а не утре“. Оваа позната изрека датира уште од времето на Конфучиј. И навистина, за да доживеете личен развој, треба да поработите на вашите навики. Така започнува првиот ден од Пеколната недела во кој треба да ги направите следниве три работи:
1. Направете листа на сите ваши добри и лоши навики.
2. Одредете кои навики би сакале да продолжите да ги негувате, а кои би сакале да ги отстраните.
3. Размислете за особините што ги немате и што би требало да направите за да ги стекнете.
Вторник: Став и концентрација
Задачата во вториот ден од неделата вклучува развивање на вашата концентрација и подобрување на вашиот став кон различни ситуации. Тоа може да има многу важно влијание на крајниот резултат што сакате да го постигнете.
- Став. Вашите чувства влијаат на крајниот резултат што сакате да го постигнете, така што потрошете малку време за да го стекнете вистинскиот став. За да дојдете до тоа, поставете си ги најважните прашања поврзани со она што го работите. На пример, доколку вашата работа е да продавате цвеќиња, запрашајте се колку добро ги познавате различните видови цвеќиња, како треба да си грижите за секое од нив и како да ја подобрите услугата за вашите клиенти.
- Концетрација. Фокусирајте се само на една работа и заборавете на сѐ друго околу вас. На овој начин ќе можете максимално да вложите труд и да го подобрите квалитетот на работата за многу кратко време.
Среда: Планирање и цели
Среда е ден за организирање на времето, планирање, поставување приоритети и цели. Не заборавајте дека секогаш имате доволно време, само што треба да го искористите ефикасно. Доброто планирање ќе ви овозможи да ја одредите важноста на бројните обврски што ги имате и според нив да ги поставите вашите приоритети.
- Направете план за денот, неделата и следниот месец врз основа на тоа што ви е навистина важно.
Четврток: Излезете од вашата зона на удобност
Четвртокот можеби ќе ви биде најтешкиот ден од Пеколната недела, но затоа, пак, ќе ви пружи бесценето животно искуство. Ова е денот кога ќе треба да се соочите со вашите најголеми стравови и да не спиете цела вечер.
- Само вие знаете кои се вашите најголеми стравови, што значи дека само вие знаете како треба да се справите со нив. Признајте дека сте вљубени, прифатете дека е време да поминете низ тешките разговори или пак да го надминете вашиот страв од височина. Но, ваша одговорност е како ќе ги направите сите овие работи.
- Поминете го денот на необичен начин. Движете се само со трчање или цел ден возете велосипед. Можете да правите што сакате. Најважно е да се работи за нешто необично.
- Освен тоа, ќе треба да се откажете од спиењето и да работите цела вечер. Треба внимателно да се подготвите за ова и да направите прецизен план на работите што треба да ги завршите.
Петок: Одмор и релаксација
Работата е важна, но и одморот е исто толку значаен. Петок е ден за релаксација на умот.
- Откако ќе ја поминете целата вечер без спиење, истуширајте се со топла вода и појадувајте нешто вкусно и здраво. Потоа одлучете што ќе правите.
- Тоа нека биде нешто што отсекогаш сте сакале да го направите. Можеби станува збор за нешто поврзано со домот или пак сакате да отпатувате некаде. За што и да се работи, бидете одговорни.
Сабота: Бидете среќни
Сабота е ден кога вашата глава треба да биде исполнета само со позитивни мисли. Поминете го овој ден на тој начин што ќе создадете целосно позитивен дијалог во вашата глава. Оваа задача ќе ви покаже колкаво влијание има начинот на размислување на вашиот секојдневен живот.
- Најважно е да размислувате позитивно и да ги блокирате сите негативни мисли. Мислете на вашите позитивни особини, достигнувања и иден успех.
- Обидете се да го контролирате вашиот внатрешен дијалог. Поставувајте си ги вистинските прашања и одбирајте ги вистинските зборови.
Недела: Награда
Ова е последниот, но и најважниот ден од Пеколната недела. Овој ден ќе треба да донесете важни одлуки, да размислите за вашите впечатоци и задоволството што сте го доживеале поради успешно завршената работа.
- Размислете за заклучоците што сте ги донеле во текот на неделата и запишете ги. Кои нови работи сте ги научиле? Што сте откриле? Со какви потешкотии сте се соочиле? Што ви е навистина важно?
- Помислете на сите мали нешта од кои сте се откажале за време на Пеколната недела. Сега ќе ви значат многу повеќе. Ќе почнете да ги цените, забележувате, чувствувате и прифаќате сите животни убавини како никогаш дотогаш.
- На крајот, наградете се со подарок. Одберете си каков подарок сакате. Го заслужувате.
Оваа пеколна недела навистина може да го промени начинот на кој гледате на работите. Потребна ви е само челична волја и голема упорност. Подготвени сте да го прифатите предизвикот?