Вистински хит: Рецепт за „зебра“ палачинки
Подготовката е многу едноставна, така што дури и почетниците можат многу лесно да ја совладаат.
Потребни состојки:
- 500 мл млеко
- 2 јајца
- малку сол
- 1 лажица стопен маргарин
- 100 мл минерална вода
- брашно
- 1 лажица какао (оди во 1/4 тесто)
- пумпица или слаткарска вреќичка за украсување
Начин на подготовка:
Измешајте ги јајцата, солта, маргаринот и минералната вода, а потоа постепено додавајте брашно во смесата додека не стане кремаста и средно густа.
Одделете 1/4 од смесата во друг сад, додајте го какаото и мешајте додека не се измешаат состојките добро. Истурете ја добиената смеса во пумпица или во вреќичка за украсување.
Загрејте го маслото во тава и истурете ја смесата за палачинки, почекајте 10-тина секунди додека тестото не порумени малку и не биде кашесто, а потоа нацртајте спирали со другата смеса. Повторете ја постапката со сите палачинки.
Погледнете го овој рецепт за топло чоколадо со само 50 калории.