Вистинската причина зошто вашиот партнер ве изневерува и како да се справите со тоа

Вистинската причина зошто вашиот партнер ве изневерува и како да се справите со тоа

Наједноставниот одговор на прашањето „Зошто мажите лажат и изневеруваат?“ најчесто е срамот. Сигурно би се запрашале како е можно некој кој лаже и изневерува да го прави тоа од срам. Од ваша гледна точка, изневерувањето ви изгледа себично, еден начин на кој таа личност си ги задоволува своите потреби без притоа да се грижи за чувствата на другите луѓе. Но, вистината е сосема спротивна. Под силната надворешност на овој вид мажи се наоѓа нежна личност која стравува од одбивање, критицизам и напуштање.

Вистинската причина зошто вашиот партнер ве изневерува и како да се справите со тоа

Обидете се малку подетално да го набљудувате неговото однесување и доколку ги пронаоѓате во него следниве видови однесување, тогаш можеби сте во врска со маж кој има сериозен проблем со срамот:

  • Сè што тој прави е нечија туѓа вина.
  • Тој се разлутува или зазема одбранбен став доколку го поправите за нешто.
  • Постојано ги нагласува своите способности.
  • Ретко ветува, а уште поретко ги остварува овие ветувања.
  • Не можете да се потпрете на него.

Овие однесувања укажуваат на маж кој не се чувствува добро во својата кожа, па токму затоа и му се појавува срам кој понатаму го води низ низа деструктивни настани за себе и најблиските. Овие мажи чувствуваат токсични емоции, најчесто проектирани кон надвор, со кои пробуваат да се справат така што ќе се однесуваат лошо кон вас (ќе ви наметнуваат вина) и ќе бараат надворешно ослободување од овој срам (афера). Со цел да си го заштитат своето его, тие делуваат нарцистички.

Па, како можете да се справите со овој проблем? Најпрво мора да сфатите што точно значи срамот. Тој е болна емоција која е мешавина од каење, мразење себеси и чувство на нечесност. Погледнете ги следниве моќни нешта кои можете да ги преземете со цел да го извлечете од овие негативни чувства и да се заштитите себе како и вашата врска…

1. Користете го зборот „ние“, а не „ти“. Големи се шансите дека вашиот партнер пораснал во околина исполнета со критицизам. Со користење на зборот „ние“, вие ќе воспоставите тимска динамика во врската и ќе му помогнете да почувствува дека не е сам на светот.

2. Намалете го тонот на вашиот глас. Не викајте кога се соочувате со него. Со други зборови, зборувајте му како тој да е мало момче. На крајот од краиштата тој во себе така и се чувствува, постојано барајќи разбирање од светот околу него.

3. Користете негативно поткрепување со цел да го привлечете неговото внимание. Како и кај многумина, „казнувањето“ преку користење погрдни зборови, закани и удирање само ќе го влоши проблемот. Потребно е само да ги задржите вашите граници така што ќе му овозможите да ги види позитивните нешта кои би ги изгубил преку ова себично однесување.

4. Поставете се како пример. Само затоа што тој е возрасен, не значи и дека размислува така. По природа мажите имаат силен натпреварувачки дух, па токму затоа можете и да го искористите тоа. Со други зборови, најпрво извршувајте ги вашите одговорности и обврски, а потоа барајте го тоа и од него.

5. Престанете да прифаќате просечност. Добро проучете ги вашите очекувања и размислете точно што сакате и барате, а потоа насочете се кон вашиот партнер. Доколку вие не знаете што сакате, како ќе одлучите што да побарате од него?

6. За крај, не ја користете фразата „Вистинскиот маж никогаш не би го направил тоа.“ Таа е една од најсилните кога станува збор за засрамување. Нејзиното користење ќе ве одведе само до непотребна конфронтација, отворајќи ви нов непотребен проблем во вашата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар