Вистинската причина поради која не сте физички активни

Вистинската причина поради која не сте физички активни

Дали сакате многу да вежбате, да бидете физички активни и поздрави, но вашата голема желба е спречена поради тоа што немате време, надвор е жешко или студено или поради некоја слична причина? Е па, се лажете и себеси и другите. Вистината е дека не сакате да ви биде неудобно, а вежбањето и контролата над исхраната е токму таква – неудобна.

Вистинската причина поради која не сте физички активни

Д-р Шери Пагото, професор по бихејвиорална медицина, тврди дека отпорот кон излегувањето од комфорната зона е она што нè спречува да ги обуеме патиките и да одиме надвор да истрчаме неколку километри или да одиме да се потиме во фитнес клуб. Зошто би го правеле тоа кога можеме да си седиме дома, да си сурфаме на интернет или да гледаме филм?

Одговорот лежи во фактот што човекот е склон кон однесување кое веднаш ќе му донесе задоволство, а не кон такво при кое придобивките стигнуваат подоцна. Вежбањето не е удобна активност, особено ако сте почетник. Сте навикнале на одморање во кревет или пред компјутер, уживајќи на идеална температура со топло ќебенце и во пријатна облека, па напуштањето на таквиот стил на живот не ви паѓа лесно.

Причината поради која не вежбате не е немањето време, туку тоа што не сакате да се потите, да добиете плускавци на стапалата, да се извалкате, да се изморите, да добиете воспаление на мускулите, тешко да дишете… Тоа не е во зоната на комфорот.

Нездравиот начин на живот станал зона на комфорот и мора да излезете од неа за да бидете поактивни, поздрави и да го изгубите вишокот килограми. Прифатете го предизвикот да истрпите некоја од тие непријатни работи и по некое време нема ни да ги забележувате. Излезете на двор на дождот без чадор и ќе видите дека водата нема да ви направи ништо лошо, испотете се, извалкајте се итн. Добијте еднаш или два пати воспаление на мускулите, па ќе видите колку повеќе можете да издржите потоа. Тоа е единствениот начин да ја совладате оваа голема пречка кон вашето здравје.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар