Вистинската боја за вашата спална соба
Секоја боја има своја енергија и вибрација, а различните нијанси будат различни емоции. Бидејќи сите ние сме различни помеѓу себе, бојата на нашата спална соба треба правилно да ја избереме, во согласност со нашите интереси и потреби.
Секоја боја кореспондира со различна страна на компасот, па затоа најважно е најпрво да се утврди каде е точно лоцирана. Како генерално правило, собите кои се наоѓаат на север и исток најдобро одговараат со ладни бои, како што се сината, зелената и виолетовата. Собите пак, кои се наоѓаат на запад и на југ, најдобро кореспондираат со топлите бои, како црвена, портокалова и жолта. За белата се вели дека има моќ на исцелување. Особено е препорачливо да се употреби во северниот дел од собата.
Црвената е полна со енергија и е активна боја која има стимулативен ефект на вашето тело. Не е препорачлива за спални соби, особено не за детски, бидејќи може да вознемирува во спиењето. Но, доколку се чувствувате летаргично или пак мислите дека тешко се мотивирате, употребата на црвената боја на југозападниот дел од собата може да ви го подигне нивото на енергија. Таа често се поврзува со чувството за мирис.
Портокаловата е боја на среќата, која инспирира на социјална интеракција и на оптимизам. Нејзините воздигнувачки ефекти ја прават многу забавна, па затоа е препорачлива за детски соби. Најдобро е да се употреби во соба која е свртена јужно. Доколку собата не се наоѓа свртена кон југ, можете да ставите некаква декорација или некое парче уметност на јужниот ѕид. Таа често се поврзува со чувството за вкус.
Жолтата боја го стимулира умот и ја поддржува комуникацијата и концентрацијата, правејќи ја идеална за соба за работа и учење. Но, таа е и една од најдобрите бои за спална соба и може да се употреби за соба која се наоѓа на исток, југоисток, југ или југозапад. Таа често се поврзува со чувството за вид.
Зелената ја претставува природата и го симболизира балансот, изобилството и исцелувањето. Зелената може да се додаде во собата, преку бојадисување, растенија или преку парчиња уметност. Зелената е најефективна во соби кои се наоѓаат на север или пак на северниот дел од собата. Таа хармонизира и создава мир. Зелената боја често се поврзува со чувството за допир.
Сините нијанси се познати по нивните смирувачки и исцелителни моќи. Бидејќи делува психолошки, сината боја е идеална за спална соба, особено за луѓе кои се премногу активни и зафатени по цели денови или пак за оние кои патат од вознемиреност. Сината боја се поврзува и со креативност и инспирација, па затоа е одлична и за детска соба. Сината боја е најефективна доколку собата е свртена кон запад или северозапад, а често се поврзува со исцелување.
Темносината боја е длабоко спиритуална и најдобро е да се употребува во спалната соба на луѓе кои имаат силна верба. Таа е одлична за употреба во соби за одмор, релаксација и опуштање.
Виолетовата има најголем смирувачки ефект од сите бои и е одлична за спални соби и соби за мирување. Таа исто така се поврзува со спиритуалноста.
Доколку сакате совети во врска со изборот на соодветната боја за која било соба во вашиот дом, прочитајте ја серијата содржини на тема: „Боите во домот го менуваат вашето расположение“, и тоа доколку се љубители на топли бои, ладни бои или на неутрални бои во уредувањето, а информирајте се и детално за значењето на боите околу нас.