Вистината за потрагата по личноста со која би сакале да го поминете вашиот живот

Вистината за потрагата по личноста со која би сакале да го поминете вашиот живот

Потрагата по вашиот идеален љубовен партнер е тешка, понекогаш дури и болна, но кога конечно ќе ја најдете таа личност, на почетокот ќе почувствувате неизмерна среќа и радост. Иако преовладуваат позитивните чувства, нормално е да се јават и некои чувства на несигурност и сомнеж. Ова се неколкуте вистини што треба да ги знаете за потрагата по вистинската љубов…

Вистината за потрагата по личноста со која би сакале да го поминете вашиот живот

Вистината е дека ќе се чувствувате како никогаш дотогаш. Ќе зрачите со позитивна енергија и сите ќе го забележат тоа. Ќе ве прашуваат што се случува со вас, а вие ќе велите дека нема ништо посебно иако длабоко во себе многу добро знаете која е причината за вашата ненадејна промена на расположението.

Вистината е дека нема да сакате да признаете оваа сигурност ви пружа утеха. Среќни сте што знаете дека нема да останете сами засекогаш иако претходно сте ги исмејувале сите заљубени парови и сте велеле дека сте си доволни самите на себе.

Вистината е дека оваа удобност ќе почне по малку да ве плаши. Никогаш не ви пречело тоа што сте сами, но сега кога сте нашле некого со кого би можеле да останете засекогаш, се плашите од помислата дека врската можеби нема да успее. Со текот на времето ќе го надминете тој страв, бидејќи колку поблиски станувате толку повеќе ќе верувате во вашата врска и љубов.

Вистината е дека ниту еден од вас двајцата нема да сака намерно да го повреди другиот, но ќе наидувате на разочарувања. Ќе доживеете многу среќни моменти, но и тешки периоди. Нема да имате контрола над проблемите со кои ќе мора да се соочите и нормално е дека понекогаш ќе се чувствувате тажно, повредено и фрустрирано. Но, најважно е да имате верба и да ги пребродите сите пречки кои ќе ви застанат на патот.

Вистината е дека личноста која ја имате покрај себе ќе ве охрабри, утеши и ќе ви даде сила да станете тогаш кога ќе го допрете дното. Со заеднички сили ќе успеете да ги поминете сите успеси и падови.

Вистината за потрагата по личноста со која би сакале да го поминете вашиот живот

Вистината е дека ќе се соочите со одредени караници и несогласувања. Деновите поминати заедно нема секогаш да бидат исполнети со среќа и радост. Ќе бидат исполнети и со солзи што нема да можете да ги објасните, како и со иритирачки навики кои нема да можете да ги игнорирате.

Вистината е дека и покрај сите апсурдни караници без почеток и крај, љубовта нема да исчезне од врската. Љубовта секогаш ќе биде присутна меѓу вас двајца дури и тогаш кога некој ќе каже нешто погрешно и ќе биде премногу тврдоглав за да си ја признае грешката. Љубовта секогаш ќе биде присутна и вие ќе го знаете и чувствувате тоа, дури и кога и двајцата сте премногу лути за да го кажете тоа на глас.

Вистината е дека одвреме-навреме ќе сакате да поминувате време сами. Нема да сакате да бидете заедно 24/7, бидејќи ако дојде до тоа, ќе ја почувствувате потребата да избегате. Иако сте решиле да делите сѐ со саканата личност, во ред е да издвоите малку време и за себе.

Вистината е дека по времето поминати сами, нема да можете да дочекате повторно да се видите. Ќе сакате да се прегрнете, бакнете и да се смеете заедно како никогаш претходно.

Вистината е дека оваа личност ќе ве прави среќни. Ќе ве поттикне да размислувате за иднината, бидејќи ќе сакате и таа да биде дел од неа. Саканата личност ќе ве натера да си замислувате како би изгледал заедничкиот живот во иднина, бидејќи вечната љубов не делува толку страшно кога е вистинска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар