Вирус кој е поопасен и од ХИВ: Нема симптоми, а можеби веќе го имате и без да сте свесни

Вирус кој е поопасен и од ХИВ: Нема симптоми, а можеби веќе го имате и без да сте свесни

Се предвидува дека ХПВ или хуман папилома вирусот ја предизвикува досега најсилната епидемија, можеби дури и поголема од смртоносната СИДА. Станува збор за група вируси кои влијаат на кожата и мембраните кои го обвиваат телото, како на пример, грлото на матката, анусот, устата и грлото. ХПВ е една од најраспространетите сексуално-преносливи болести и постои во повеќе од 100 видови, од кои некои можат да предизвикаат и брадавици со одбоен изглед. Но, зошто овој вирус се смета за многу поопасен и од ХИВ?

Вирус кој е поопасен и од ХИВ: Нема симптоми, а можеби веќе и го имате без да бидете свесни

Најпрво, ХПВ е честа и високо заразна инфекција, која се пренесува сексуално. За да се здобиете со овој вирус, доволен е само еден контакт со кожата на гениталиите на заразената личност. Тоа значи и дека презервативите не можат да ви овозможат целосна заштита. Според статистиките, над 3/4 сексуално активни жени во одреден момент од својот живот заболуваат од оваа болест.

Тој најчесто се пренесува преку сексуален контакт и токму затоа поголемиот дел од луѓето се заразуваат брзо по започнувањето со сексуална активност. Но, најлошото нешто кај оваа инфекција е што не дава никакви знаци или симптоми, бидејќи во некои случаи тие се скриени со години. ХПВ е тивок убиец кој може да биде неактивен и кој живее во организмот со години пред да почне да напаѓа.

Иако е распространето мислењето дека презервативите овозможуваат целосна заштита од сексуално-преносливите болести, вклучувајќи ги ХИВ и СИДА, најновите истражувања покажуваат дека тие не можат да обезбедат 100% заштита од ХПВ. Вирусот се шири преку контакт со оние делови од кожата кои не се заштитени со презерватив и ова е особено сериозен проблем за жените. Тие се многу посклони на заразување отколку мажите. Што се однесува до брзината преку која се пренесува овој вирус, постојат 5% повеќе шанси тој да премине од мажот на жената, отколку обратно.

Застрашувачката последица од ХПВ е развивање рак на грлото на матката. Овој рак е еден од водечките причини за смрт на жените ширум светот и во скоро сите случаи тој е предизвикан од ХПВ инфекција. Двата видови ХПВ, тип 16 и тип 18 се одговорни за скоро 70% од сите случаи со рак на грлото на матката. Токму затоа бидете внимателни и почесто посетувајте го гинекологот за преглед, со цел времено да ја откриете инфекцијата и да ја спречите оваа потенцијално смртоносна ситуација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар