Випасана: Медитација со одење која ќе ви помогне да се ослободите од стресот

Випасана: Медитација со одење која ќе ви помогне да се ослободите од стресот

При оваа медитација треба да се движите во права линија во круг напред и назад, како низ еден вид лавиринт. Треба да се движите бавно и да внимавате на дишењето. Постојат неколку видови медитација со одење, а една од најпознатите е Випасана. Випасана ви помага да ги согледате работите онакви какви што навистина се и да ја вратите својата целосност. Вежбајќи ја оваа медитација, вие ги истражувате трите карактеристики на вашето постоење: нестабилноста, незадоволството и неоригиналноста.

Випасана: Медитација со одење која ќе ви помогне да се ослободите од стресот

Медитацијата со одење го подобрува протокот на крв и е особено корисна за луѓето кои долго време поминуваат седејќи. Исто така го подобрува варењето на храната и се препорачува после јадење. Освен ова, ќе го подобри и нивото на шеќер во крвта. Оваа медитација е исто така добра кога имате одредени психолошки проблеми. Таа ќе ви помогне да ја намалите вознемиреноста и привремено да се ослободите од стресот. Со вежбање на оваа медитација вашиот сон ќе биде со подобар квалитет, вашиот мозок покреативен и физичкото вежбање позабавно.

Погледнете го видеото за појасни инструкции.

Можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те најдобри книги за медитација за почетници и искусни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар