ВИП во нашиот град
Автор: Нина
(поднесено преку „Предложи содржина“)
ТАА – добар „look“, беспрекорна шминка, поглед фатален, тело извајано, косата паѓа по рамениците, солариум, фитнес, сауна, силикони… ТОЈ – добар „look“, јак парфем, обликувано тело, продорен поглед, средена коса, бели заби… Дали овие работи значат дека сме во потрага по совршен надворешен изглед?На времето, кога баба ми била на мои години, немало ништо од ова. Излегување навечер „у бољи живот“ за нив било одење на чешма со стомни по вода, „трачарењето“ на кафе со другарки било везење во селскиот двор со снаи и золви, припазувајќи ги кокошките да не го исклукаат врти попот и лалето. Пуштањето по СМС и честењето пијачки било праќање шефтелии и сл.
Додека денес младите гледаат само да се видени во ВИП зоната во некоја уште поВИП дискотека во сабота навечер (дремуцкајќи во комотните фотелји, пиејќи добро виски) и во недела наутро на трач муабет, што-како, во некој елит кафич, особено ако е самер тајм, на надворешните фотелји со наочари во „Холивуд стил“ (што би рекол Тони Зен), бабите наши и дедовци „излегувале“ на пазар и ВИП зона им било каде што се продавале сомуни. Изгледот не ни бил толку битен колку што било битно да не „пукне брука низ село“ ако таа има 22 години, а е немажена. Демек „уседелица“ ќе останела! Дедо ми ја „армасал“ баба ми баш на ВИП-зоната и ù купил ВИП лепче-сомунче. Нормално по лепчето ја однел дома кај него, а баба ми ја испратила снаата да каже дека нема да се враќа веќе дома.
Додека нашиве „елит“ (не зборам за сите) машки бараат девојка со „2 метра нога“, тогаш биле „ин“ ниски девојки. А сестрата на баба ми била така повисочка од модерното со 165 см, плус и слабичка и не била баш омилена кај стројниците. Кој му ја мислел тогаш на убавина и карактер!?
Гледале само да се земат и да изродат деца. И додека нашиве млади живеат предбрачно, што би рекле „колку за проба“ заедно, баба ми спиела 3 месеци со свекрвата иако веќе била мажена.
Кога ќе погледнеш „уназад“ 60 години, знаејќи ја баба ми, дедо ми сигурно со „нож под грло“ ја правел мајка ми =) =) =). Велат на никого не му пишува на чело каков е во душа, но овде баш имам едно прашање:
.
„Зошто место на крај да кукате дека сте се изгореле поради тоа ‘не му пишува на челo’, малце вие не ставите прст на чело, поразговарате и се зближите со личноста која ви го привлекува вниманието, а не одма да одите во врска?! Уште одма се впуштате во ‘љубов’! Што е? Не ви се чека? Ма дајте без наивност.“
Јас не велам дека на баба ми времето било убаво, но искрено, денешниве сè повеќе и повеќе на број фацки кои само дремат по кафичи, дискотеки и со муабет го минуваат денот, ми се преку глава… а уште повеќе преку глава ми е кога гледам како ги менуваат партнерите како циган коњи.
.
„Не трагајте по совршенство, кога ни самите вие не сте тоа, никој не е совршен, постојат само сродни души…“
Зошто да живее човек во убава визија кога реалноста и не е баш така лоша!? Прифатете ги своите маaни, но и туѓите како дел од карактерот. Бидете она што сте и не гледајте да сте од ВИП-ложата, која за мене поточно е ИКП (Имаш Кеш – Повели!) Небаре парите ќе купат и љубов и среќа… Ноу рулс вит мани дјуд… ноу ВИП витаут мани… БУЛ ШИТ У БОЈА!!!
Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Браво за статијава !! 🙂
zalno i vistinito… se raspadna mladinava, generaciite koja od koja ponapredna… svetot stana zanikade !!