Претходно
Виножито: Освежителна и вкусна зимска салата
Одлична салата за одржување на вашето здравје за време на студените зимски денови
Потребни состојки за салатата:
- Разнобојни стебла од блитва (исечкани) + зелениот дел
- 30 грама семки од калинка
- 30 грама ананас, исечкан
- 30 грама морков, исечкан
- 1 рака јагоди, пресечени на половина
Потребни состојки за сосот:
- 1 лимон
- 1 портокал
- Маслиново масло
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
Измијте ги сите зеленчуци и подгответе ги. Во голем сад, поставете го ливчињата од блитвата и врз нив наредете ги и останатите состојки. Во посебен сад ставете го сокот од лимон и портокал, маслиновото масло, солта и биберот и мешајте сè додека не добиете сос со густина по ваш вкус. Потоа прелијте го сосот врз салатата. Сервирајте оладено. Добар апетит.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.