Вилијам Такереј: Животот е како огледало, ако му се насмевнеш, ќе ти се насмее и тој
Вилијам Такереј е англиски автор кој живеел и творел во деветнаесеттиот век. Бидејќи добро ги познавал високите кругови во англиското општество, тој се развил во еден од најистакнатите сатиричари во негово време. Тој е познат по многу дела кои оставиле белег во англиската и во светската литература, а во продолжение ви прикажуваме дел од неговите вечни мудрости.
Ако сам себеси се осудуваш и критикуваш – и другите ќе те осудуваат и критикуваат.
Ако сам себеси си нанесуваш болка – и другите ќе ти нанесуваат болка.
Ако сам себеси се лажеш – и другите ќе те лажат.
Ако си неодговорен кон самиот себе – и другите ќе бидат неодговорни кон тебе.
Ако сам себеси се обвинуваш и исмејуваш – и другите ќе те обвинуваат и исмејуваат.
Ако си емоционално тврд кон себе – и другите ќе бидат емоционално тврди кон тебе.
Ако ти самиот не ги следиш своите чувства – никој друг нема да ги следи,
Ниту твоите чувства, ниту тебе.
Но…
Ако сам себеси се сакаш – и другите ќе те сакаат.
Ако сам себеси се почитуваш – и другите ќе те почитуваат.
Ако ти сам веруваш во себе – и другите ќе веруваат во тебе.
Ако сам си чесен кон себе – и другите ќе бидат чесни кон тебе.
Ако ти самиот ја согледуваш својата вредност и се цениш себеси поради тоа – и другите исто така ќе те ценат!
Животот е како огледало: Ако му се намрштиш, и тој ќе ти се намршти, но ако му се насмевнеш, и тој ќе ти возврати со насмевка!