Викенд уживанција: Најдобри начини на кои можете да го поминете претстојниот викенд!

Викенд уживанција: Најдобри начини на кои можете да го поминете претстојниот викенд!

Во животот почитуваме разни правила, дури и оние кои се однесуваат на изгледот и убавината. Според препораките од козметичарите користиме препарати кои одговараат на нашиот тип на кожа и години. Се придржуваме до програмите за идеална тежина кои ни ги предлагаат нутриционистите, а заедно со тоа и редовно вежбаме. И барем еднаш неделно практикуваме осумчасовен сон за да го одмориме нашето тело и дух. Но, за да имаме побогат живот од оној што е пропишан со разни правилниците, потребно е да додадеме и нешто сопствено, некој исклучок поради кој еднаш месечно ќе се израдуваме на ситниците и на ситуациите со кои ќе ги наполниме батериите на сосема друг начин, и поради кои како деца ќе зрачиме со среќа и позитивна енергија.

1-vikend-uzhivancija-najdobri-nachini-na-koi-mozhete-da-go-pominete-pretstojniot-vikend-www.kafepauza.mk_

1. Списанија за торти и колачи

На ноќната масичка покрај вашиот кревет, освен љубовните романи и книгите за здрава исхрана, чувајте и мал готвач со рецепти за торти и колачи или пак, коктели. Пет минути читање пред спиење е сосема доволно за да ги запомните најважните состојки кои треба да ги набавите за некоја саботна журка. За останатото ќе се погрижи вашата фантазија и пријателите кои сте ги повикале.

2. Трач партија

Доколку сте фан на црвениот лак за нокти и длабоко верувате дека е идеален за елегантен и секси изглед, а сепак имате желба да испробате нешто авангардно, како што е тегет, виолетови или пак металик сребрени нијанси, тогаш направете женска забава за која влезницата ќе бидат неколку шишенца лакови за нокти. Еве прилика за отворена женска дискусија за навидум тривијална работа како што е маникирот, а патем ќе дознаете и други трикови кои жените ги користат за освојување.

2-vikend-uzhivancija-najdobri-nachini-na-koi-mozhete-da-go-pominete-pretstojniot-vikend-www.kafepauza.mk_

3. Бјути новитети

Во мода се мејкап несесерите и палетите со шминка кои содржат сенки за очи, кармини, бронзери и молив за веѓи. Спакувани во сјајни металик кутии изгледаат толку слатко што нема шанси да им одолеете. Едноставно мораат да бидат ваши. А кога ќе ги добиете, одеднаш изгледаат толку бескорисно, бидејќи имаат жолта, розова, зелена и црвена сенка за очи кои воопшто не ги користите. Но, после играњето со шминките пред огледалото можете да откриете дека црвената сенка за очи, всушност, е вашиот фаворит за вечерните посебни настани.

4. Витаминска бомба

За да ја снабдиме нашата кожа со доволна количина витамин Ц, изобилно користиме козметички препарати кои го содржат, но исто така се обидуваме секојдневно да пиеме и сок од цеден портокал. Меѓутоа и другите слатки и кисели овошја може да ја разгалат душата и да го поправат расположението. Сетете се колку е добар сокот од малина, капина, боровинка, домат, а доколку баш инсистирате на портокалова боја, тоа може да биде и сок од грејпфрут или морков со јаболко, засладен со лажичка мед. Ставете во тоа цевка и хартиено чадорче и уживајте.

5. Пет минути сласт

Кога ви се јаде нешто слатко, по препорака на нутриционистите, избирајте благи плочки од сусам и бадем. Вистина, тие се здрави, даваат енергија, и најважно, не влијаат на тежината. Но само пирето од костени декорирано со шлаг или чоколадниот мус посипан со трошки од печен бадем се топи во устата така што ќе ви се заврти од задоволство. Тоа го умее и белата чоколада со кекс и цимет… Па нека! Еднаш неделно, не е грев.

6. Меури на задоволството

Сигурно знаете дека топлата купка е мелем за душата и телото. Таа е идеална за опуштање на мускулите, прекрасно ја негува кожата, особено ако е припремена со сол од Мртвото море или со внимателно избрани ароматични масла. Но, за моментите на задоволство можеби повеќе би ви се допаднала купката со фина пина и сладок мирис. За нејзина припрема е доволен шумлив сапун кој изгледа како колач од сладок марципан со зашеќерени цреши или јагоди. Ваквите деликатеси за бањање не се скапи и може да се набават во работилниците кои продаваат рачно произведени глицерински и ароматични сапуни.

Стрпливо почекајте да се направи пената, соберете ја косата во пунџа, влезете во кадата, затворете ги очите и препуштете се на звуците на песната која сте ја пуштиле за оваа уживанција. А доколку сакате купка која изгледа како да сте се нурнале во корпа полна со освежително овошје, тогаш во кадата ставете неколку капки ароматично масло, на пример лимон, мандарина и ѓумбир, и рака морска сол. На овој начин ќе добиете витамински коктел, толку јак што ќе може да ја разбуди и пролетта во текот на зимата. Па потоа, пенливите купки со мирис на диња, лубеница, манго и папаја, па слива и ананас! Секоја од нив ѝ пркоси на досадата. И совршено се здрави. Боите се добиваат од пигментот на овошјето, слаткиот вкус од медот, а во составот на таквите гелови за капење влегуваат и маслото од грозје, алое вера, витамин Е и шеа путер. Па така, тие се освежувачка мирисна парада, но и извонредна нега.

4-vikend-uzhivancija-najdobri-nachini-na-koi-mozhete-da-go-pominete-pretstojniot-vikend-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар