Претходно
Викенд рецепт: Сладолед со кафе
Одлична комбинација од вкусови за одличен викенд! Овој рецепт со кафе, чоколадо и банана сигурно ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
- 2 големи зрели замрзнати банани
- 12 г какао
- 4-6 г инстант кафе или еспресо
- 15-30 милилитри млеко по избор и само ако е потребно
- за декорација: сечкана банана, чоколадни струготини
Начин на подготовка:
- Во блендер додајте ги бананите, какаото, кафето и блендирајте.
- Ако се блендира тешко, тогаш додајте млеко. Но, внимавајте да не додадете премногу, бидејќи ќе биде многу течно.
- Додајте повеќе кафе или какао по вкус.
- Украсете со чоколадни струготини, прелив од чоколадо, банани или по избор.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.