Вие вредите повеќе отколку некој кој веќе си заминал од вас

Вие вредите повеќе отколку некој кој веќе си заминал од вас

Откако ќе си замине личноста со која сте ги споделувале и најдлабоките тајни, тешко е да се преправате дека не сте повредени. Во такви моменти не ќе можете да ги задржите солзите и да сфатите што ви се случило. Тешко е да го прифатите фактот дека веќе нема да го делите креветот каде што сте воделе љубов и сте си искажувале нежности. Тешко е повторно да влезете во собата каде што одекнувале зборовите „те сакам“, а сега не останало ништо.

Вие вредите повеќе отколку некој кој веќе си заминал од вас

Но, кога-тогаш, тоа мора да го прифатите. Таа личност ве сакала, можеби и ве обожавала. Но, за жал, тоа повеќе не постои. И покрај тоа што била ваша, повеќе не е. А можеби вие не сте ѝ биле на таа личност на прво место. Нормално е да се чувствувате повредени и постојано да се прашувате како вам можело да ви се случи тоа? Како да се справите со секој нов ден, со секој нов здив? Како да ја преживеете таа „болест“ од која навидум нема лек?

Вистината е дека постои начин да поминете низ сето ова, но потребно ви е време. Имате пријатели, ве очекуваат нови искуства и нови можности. А, секако, постојат и многу подобри луѓе на овој свет. Постои личност која подобро ќе се однесува кон вас. Можеби нема да се однесува на ист начин, нема да има исто хоби, иста боја на очи или иста коса. Па и за ова ќе ви биде потребно време – да се навикнете да не споредувате. Ќе ви биде потребно време да стигнете до степен да не ја посакувате онаа личност која си заминала. Но, некаде постои таква личност која е вредна за вас и која никогаш не би се осмелила да ве остави?!

Вие копнеете по личност која веќе заминала, која го скршила вашето срце и ве оставила сами. Копнеете по личност која не умеела да ги цени вашите предности и љубовта што ја нудите. Токму таа личност одлучила да замине, мислејќи дека вие не сте доволни за да му/ѝ го исполните срцето со љубов. Но, вистината е дека вие сте достојни и вредите за поголема и подобра љубов. Љубов која нема да замине. Љубов која ќе остане и ќе ја согледа убавината во сѐ она што го правите. Да, вие не сте достојни за љубовта на оние кои веќе ве напуштиле, затоа што нивната љубов е слаба и мала во споредба со вашата. Вашата е светла и несебична која никогаш нема крај. Вие заслужувате некој кој никогаш нема да сака да замине.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар