Вие самите си се саботирате кога одлучувате да живеете според туѓ живот
Ова е единствениот начин на кој може да се опише споредувањето со други луѓе, навика што ги уништува младите во лудиот свет на социјалните мрежи. Живееме во време кога имаме пристап до сите детали од животот на нашите врсници, колеги и пријатели од минатото, па воопшто не е чудно што постојано се чувствуваме како да сме назад во однос на нив.
Кога ги гледате нивните „совршени“ животи преку фотографиите што ги споделуваат на социјалните мрежи, вие сè повеќе се затворате, мислејќи дека некаде грешите, дека не сте доволно добри во споредба со нив и дека никогаш нема да можете да стигнете до тоа ниво, без разлика дали се работи за приватниот или професионалниот живот.
Имајќи го сè ова на ум, време е да сфатите дека вие не сте другите и дека не можете да се споредувате со ниту една личност што ги нема истите ваши искуства. Да, можеби вашите пријатели стапуваат во брак, го добиваат унапредувањето од соништата или патуваат низ светот, но дали овие нешта се оние што навистина ви се потребни во овој момент од вашиот живот?
Животот на чуден и необјаснив начин ни го овозможува токму тоа на што сме подготвени и што ни треба. Понекогаш треба и малку да се потрудиме за да постигнеме одредена цел, но ако одвоиме доволно време и труд и ако постојано ја одржуваме мотивацијата на високо ниво, не постои нешто што може да нè спречи да ја оствариме.
Од исклучителна важност е да научите како да се задржите до својата реалност додека постојано сте бомбардирани од туѓите фантазии. А верувајте, тоа што го гледате на социјалните мрежи е чиста фантазија со филтри. Исто така треба да запомните и дека одреден животен стил не одговара секому.
Некои луѓе се борат за работно место, некои едвај наоѓаат време да го завршат образованието, некои се одлучуваат да имаат бебе, додека пак други едвај сврзуваат крај со крај за само себе да се издржуваат. Која е вашата страст и што вие навистина сакате да постигнете во животот? Што ви е вам потребно во овој момент и што можете да остварите?
Не дозволувајте туѓите желби и планови да направат да ја пропуштите својата страст и да ја пропуштите својата судбина. Не бидете толку фокусирани на другите и не се обидувајте да бидете како нив. Си должите на себе да го пронајдете она што вам ви е потребно и убаво и истото веднаш да си го остварите. Без разлика колку мало и незначајно или големо и невозможно ви изгледа.
Постои причина зошто коцките ви се наредиле на овој начин и верувајте, тоа не е коинциденција. Размислете за ова и одлучете дека ВИЕ значите!
Прочитајте и за овие знаци дека ја саботирате вашата врска, зошто го правите тоа и како да престанете…