Видови стрии и како да ги разликувате

Видови стрии и како да ги разликувате

Покрај целулитот, стриите се уште еден непријател на женското тело. Или барем така ги доживуваме. Иако повеќето дами со текот на времето учат како да живеат со своите стрии, па дури и ги нарекуваат тигрести шари, тие понекогаш знаат да влијаат на самодовербата. Стриите можат да се појават кај секого, па дури и кај мажите, и често чувствуваме срам поради овие неправилности на кожата.

(1) vidovi-na-strii-i-kako-da-gi-razlikuvate-www.kafepauza.mk

Пред сè, треба да знаете дека постојат различни видови стрии, и во согласност со нив, различни третмани.

Стриите се долги линии или пруги кои се појавуваат на кожата. Тие се последица од премногу растегната кожа и нивната појава е многу честа. Стриите можат да се појават на секој дел од телото, почесто кај жените отколку кај мажите.

Основна поделба на стрии:

  • Розови/црвени стрии (Striae rubrae)
  • Бели стрии (Striae albae)

Поделба според други карактеристики:

  • Стрии кои настануваат како последица од бременост (Striae gravidarum)
  • Темно сиви или црни стрии кои се појавуваат кај личности со потемен тен (Striae nigrae)
  • Темно сини/пурпурни стрии – карактеристични за личности со потемен тен (Striae caerulea)
  • Тенката кожа која се поврзува со појавата на стрии најчесто се наоѓа кај личности кои боледуваат од Кушингов синдром, поради долготрајно користење на кортикостероиди или по операција

Розови/црвени стрии

Овие стрии се класифицирани како акутни стрии и претставуваат прв симптом на премногу растегната кожа. При растегнувањето на кожата, се истанчуваат и се кинат колагените еластични влакна на нејзиниот среден слој, т.е. дермисот и со тоа се губи еластичноста. Како резултат настануваат стрии со различна големина. Линиите можат да бидат прави или брановидни. Кожата со текот на времето се менува, така што стриите можат да станат пошироки и подлабоки. Стриите можат да предизвикаат чешање, но најчесто се појавуваат без никакви симптоми.
(3) vidovi-na-strii-i-kako-da-gi-razlikuvate-www.kafepauza.mk

Бели стрии

Со текот на времето, розовите или црвените стрии стануваат бели (зрели стрии). Овој процес е постепен и може да се одвива со месеци. Зрелите стрии изгледаат како лузни и можат да имаат неправилна текстура која може да се осети со допирот на прстите. Со текот на времето белите стрии можат да стана поизразени бидејќи кожата ја губи својата еластичност.
(2) vidovi-na-strii-i-kako-da-gi-razlikuvate-www.kafepauza.mk

Стрии како последица од бременост

Ваквите стрии се најизразени на стомакот, градите и бутовите. Најчесто се појавуваат помеѓу 6-от и 7-от месец од бременоста, но можат да се појават и рано во текот на 24-тата недела. Кај бремените жени, стриите можат да се појават дури и на грбот, надлактиците, колковите и задникот. Намалувањето на еластичните влакна и гликопротеинот во кожата, често се поврзува со хормонските промени низ кои бремената жена минува. Стриите кои се појавуваат за време на бременоста најчесто се бледи и стануваат зрели по една до две години. Во повеќе случаи, стриите не исчезнуваат целосно.

Стриите понекогаш можат да предизвикаат непријатност и срам, особено во летниот период кога облеката станува помалку неопходна и се покажува повеќе кожа. Иако знаеме дека стриите можат да се појават кај секого, ослободувањето од чувството на срам многу тешко ни оди. Доколку забележите некој од овие видови стрии, знајте дека не постојат здравствени опасности и дека тоа е само еден начин на кој кожата покажува дека поминала низ тежок период.

Обидете се да ги носите сопствените стрии со гордост, но доколку не можете, тогаш прифатете ги како ситни несовршености кои ни малку не го намалуваат вашиот атрактивен изглед.

Погледнете ги и овие 8 совети за природно ослободување од стриите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар