Вежби за намалување на напнатоста во грбот

Вежби за намалување на напнатоста во грбот

Кога ќе се земе предвид дека мнозинството луѓе минуваат поголем дел од времето седејќи, не е ни чудно што речиси сите имаат проблеми со грбот. Доколку сакате да се опуштите и да ја намалите напнатоста во грбот, постојат неколку вежби што ќе ви помогнат во тоа. Вежбите треба да ги изведувате неколку пати неделно, а се навистина едноставни и не бараат никаква дополнителна опрема.

Вежби за намалување на напнатоста во грбот

1. Истегнување на горниот дел од грбот

Легнете на стомак, исправете ги колената и прицврстете ги стапалата како да стоите. Ставете ги рацете зад главата и со секое вдишување подигајте го градниот кош. Со секое издишување враќајте се во почетната положба. Повторете ја вежбата 15-тина пати.

2. Вежба за целиот грб и задниот дел од телото

Легнете на стомакот со подигнати раце и нозе. Важно е да го затегнете стомакот. Наизменично кревајте и спуштајте ги спротивната рака и нога и направете серија од 15 повторувања.

3. Вежба за целиот грб

Застанете на колената и дланките. Исправете го грбот и подигнете го спротивно од рацете и нозете. Освен тоа што е одлична за грбот, оваа вежба го активира и стомакот. И од оваа вежба направете 15 повторувања.

Пробајте ги и овие јога пози кои ги намалуваат болките во грбот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар