Вежби што ќе ги прочистат и ќе ги зајакнат вашите бели дробови

Вежби што ќе ги прочистат и ќе ги зајакнат вашите бели дробови

Белите дробови се одговорни за снабдување на крвта со кислород и за филтрирање на јаглерод диоксидот од крвта. Нивната сунѓереста структура им овозможува да апсорбираат штетни елементи од нивната околина. Најчестите проблеми со белите дробови се јавуваат поради изложеност на загаден воздух, а овие лесни вежби за дишење ќе им овозможат на вашите бели дробови да бидат здрави и чисти.

Вежби што ќе ги прочистат и ќе ги зајакнат вашите бели дробови

Стомачна вежба

Оваа вежба се изведува во лежечка положба на грб. Ако сакате, можете да ставите помала перница под колената и вратот (или само под вратот). Вежбата треба да се прави континуирано 5 минути, a целата нејзина суштина е во дишењето длабоко.

Вежба „Зуење“

За време на оваа вежба, треба да направите долг звук на зуење како оној што го создаваат пчелите, додека го исфрлате воздухот од белите дробови. Исто така, треба да ги повлечете мускулите на стомакот колку што е можно повеќе навнатре.

Кинеска вежба за дишење

Оваа вежба за дишење вклучува кратки вдишувања, без дишење преку носот. Оваа вежба ги релаксира умот и телото, снабдувајќи го организмот со потребниот кислород.

Вежба за издишување

Оваа вежба е многу лесна за изведување и во исто време многу ефикасна за чистење на белите дробови. Сè што треба да направите е да застанете во исправена положба и да се наведнете од половината надолу. Кога ја изведувате, неопходно е да го исфрлите целиот воздух од белите дробови колку што е можно повеќе.

Вежба за странично истегнување

Кога ја изведувате оваа вежба, треба да стоите исправено со малку раширени нозе. Едната рака треба да ви биде настрана, а другата во воздух и треба наизменично да вдишувате додека се наведнувате на едната страна и да издишувате додека ја менувате положбата, односно рацете. При вдишување, треба да го задржите здивот околу 20 секунди.

Прочитајте кои намирници ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови ако сте пушач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар