Вежби за истегнување со детални насоки што ќе ви покажат на кои мускули делувате - Part 2

Вежби за истегнување со детални насоки што ќе ви покажат на кои мускули делувате

7. Истегнување на рамено

(7)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Странични делтоиди

Изведба: Испружете ја едната рака покрај телото и нежно притиснете ја со другата за подлабоко истегнување. Повторете и со другата рака.

8. Истегнување на грбни мускули

(8)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Трапезести мускули

Изведба: Застанете со споени нозе. Бавно вратете ги колковите назад, а со помош на дланките наведнете ја главата напред. Обидете се да ги допрете градите со брадата.

9. Поза триаголник

(9)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Надворешни стомачни коси мускули

Изведба: Застанете со нозете раширени малку повеќе од рамената. Испружете ги рацете од страна. Вашето десно стапало е свртено на десно. Ставете ја десната дланка на десното стапало и со исправен грб испружете ја левата рака нагоре. Повторете и на другата страна.

10. Поза куче свртено надолу покрај ѕид

(10)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Пекторални

Изведба: Застанете потпрени на ѕид и бидете доволно оддалечени за горниот дел од телото да ви биде паралелен со подот. Полека истегнувајте ги градите надоле.

11. Истегнување на ‘рбетот

(11)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Глутеални и надворешни стомачни

Изведба: Легнете на подот. Свиткајте го десното колено и помрднете ја ногата на лево преку вашето тело. Нежно притиснете ја со раката за подлабоко истегнување. Повторете со другата нога.

12. Странично истегнување

(12)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Надворешни стомачни мускули

Изведба: Застанете исправено и бавно свиткајте го телото на десно. Повторете и на другата страна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар