Вежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјето

Вежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјето

За време на вежбањето во текот на летните месеци често се случуваат грешки што може да бидат опасни за здравјето. Жештината и високи температурите не се безопасни, па затоа треба да знаете што не е добро да правите за да останете безбедни. Во текот на летото се зголемуваат активностите на отворено, па прочитајте кои се најчестите грешки што се случуваат во вакви ситуации.

Вежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјето

1. Не консумирате вода сè додека не сте жедни

Не чекајте да почувствувате жед и дури тогаш да пиете вода. За време на летните тренинзи на отворено, телото користи вода за регулирање на температурата. Ако не внесувате доволно течности, се појавува замор и вашите перформанси не се на соодветното ниво.

Затоа, секогаш имајте шише вода покрај вас додека вежбате. Исто така, важно е да пиете доволно течности во текот на денот, без оглед на тренингот.

2. Го прескокнувате нанесувањето заштитен фактор

Дури и кога е облачно надвор, летното сонце е тука. Ако вежбате на отворено, заштитете ја кожата со заштитен фактор 30 или повисок и нанесувајте го на секои два часа ако вежбате умерено или на секои 45-60 минути ако тренингот е поинтензивен.

3. Не го проверувате часовникот

Кога станува збор за вежбањето надвор, во лето температурите се зголемуваат многу побрзо од вообичаеното, па затоа е добро да избегнувате тренинг барем помеѓу 10 и 17 часот. Најдобро е да вежбате во раните утрински часови или во вечерните часови кога температурите паѓаат. Изберете место под сенка каде што нема да бидете изложени на директна сончева светлина.

4. Носење несоодветна облека

Полиестерот и облеката што се лепи на кожата не се најдобриот избор за летните тренинзи. Наместо тоа, облечете поширока облека, изработена од соодветни материјали во посветли бои што нема дополнително да ве гушат.

5. Недостаток на електролити

Повисоките температури обично значат повеќе потење, што може да доведе до загуба на електролити. Ако планирате сериозно да тренирате на отворено цело лето, ќе треба да ги надоместите изгубените електролити.

Се разбира, изберете поздрави опции за да го направите ова. Можете да додадете малку повеќе сол во вашата храна, па дури и да додадете малку сол во вашето шише со вода што е многу важно бидејќи натриумот се врзува за водата и помага во одржувањето на рамнотежата на телесните течности.

Ниското ниво на сол во организмот може да доведе до замор и отоци, особено кај жените.

6. Задржување на зимските стандарди

Ако трчате еден километар за пет минути, не очекувајте ги истите резултати во летните месеци. Кога температурите растат, нормално е вашите перформанси да бидат нешто послаби, особено кога станува збор за кардио вежбите.

Обидот да ги задржите истите резултати како во климатизирана теретана лесно може да ве доведе до разочарување. Наместо тоа, поставете различни стандарди во склад со временските услови и бидете реални со рекордите.

7. Непроверување на временската прогноза

Ако вежбате на отворено во зимските месеци, веројатно ја проверувате временската прогноза за да знаете што да очекувате. Истата навика треба да ја имате и во текот на летото. Проверете го нивото на влажност, можноста од топлотни бранови и ако е потребно, прескокнете го тренингот. Слушајте ги советите на експертите.

Во текот на летните месеци, многумина посветуваат посебно внимание на физичкиот изглед. Желбата да изгледате добро е разбирлива, но сепак, не треба да биде поважна од грижата за вашето здравје. Немојте да претерувате и да ја игнорирате исцрпеноста. Слушајте го вашето тело и запрете кога е потребно.

Погледнете ги овие трикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар