Вежбање според возраста: Што да тренирате на триесет, а што на педесет години?

Вежбање според возраста: Што да тренирате на триесет, а што на педесет години?

Иако има луѓе кои уживаат да спортуваат или да вежбаат во теретана, на повеќето од нив им е тешко да вежбаат и го прават тоа само кога имаат проблеми со тежината или чувствуваат дека постои некаков проблеми во нивното тело, на пример болки во грбот. Физичката активност е нешто што секој треба да го стави во својот распоред, било да е тоа како терапија, како хоби или како задолжителен дел од животот, но исто така треба да знаете дека изборот на вежби не е ист за сите возрасти и генерации. Затоа, следете ги овие совети за да го направите вашиот тренинг продуктивен.

Вежбање според возраста: Што да тренирате на триесет, а што на педесет години?

1. Дваесет години

На дваесет години, честопати можете да јадете калорична храна без да се забележува тоа. Но, треба да имате предвид дека брзиот метаболизам нема да трае долго. Навиките создадени на рана возраст се одразуваат на остатокот од вашиот живот. Ако имате мускули на помала возраст, полесно ќе ја поднесете староста.

Кога сте во вашите 20-ти години, препорачливо е да тренирате најмалку половина час на ден 2-3 часа неделно. Се препорачува кревање тегови и склекови.

Четири часа вежбање неделно може да го намали ризикот од рак на градите кај жените за 60%.

Ризикот од рак на дебелото црево може да се намали за 30-40% ако правите кардио вежби 3-5 часа неделно.

2. Триесет години

Ако вежбате ист спорт веќе подолг временски период, сега е време да пробате нешто различно за да немате проблеми со држењето на телото или со движењето.

Еве какви вежби треба да правите:

  • скокање на јаже
  • возење велосипед
  • трчање
  • пливање
  • таи чи
  • танцување

Истегнувањето е многу важно.

3. Четириесет години

Во четириесеттите години, се намалува силата на мускулите и кај мажите и кај жените. Потребно е да ги одржувате мускулите во добра форма, што ќе доведе до забрзување на метаболизмот.

Ако сакате да согорите калории и да ги зајакнете мускулите, правете ги следните вежби:

  • кревање тегови
  • систематски тренинг на целото тело

Еден добар тренинг ќе ви помогне да се справите со стресот.

4. Педесет години

Во овие години, личноста почнува да ги чувствува првите болки. Затоа, ако чувствувате непријатност во колената, престанете да трчате и да пливате.

Вежбајте пилатес или аеробик за правилно држење на телото и за да ја вратете силата. Многу е важно да не претерувате. Доволно е половина час вежби, петпати неделно.

5. Шеесет години

Продолжете со редовно вежбање за да го намалите ризикот од дијабетес и од срцеви заболувања.

Најдобро е да ги правите следните вежби:

  • кревање тегови (еднаш до двапати неделно околу 30 минути)
  • зумба
  • воден аеробик

6. Седумдесет години

Не претерувајте, но останете активни.

Вежби: истегнување, аеробик, пешачење.

Прочитајте кои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар