Вежба во два чекори со која ќе откриете за што ве бива
Многумина не знаат во што се добри, кои се нивните способности и што е она со кое навистина сакаат да се занимаваат во животот. Сите сме „присилени“ да избереме професија за цел живот кога имаме 18 години, но многумина од нас уште долго се бараат себеси пред да сфатат која е нивната вистинска страст и во што навистина се добри. Доколку се соочувате со ваков проблем, постои една едноставна вежба во два чекори која може многу да ви помогне. Двата чекори се:
1. Напишете ги на лист хартија квалитетите и способностите кои сметате дека ги поседувате.
2. Барајте некаков шаблон, некаква поврзаност меѓу нив.
Подетално за двата чекори…
Вашите способности
Напишете колку што можете повеќе способности кои можете да ги пронајдете кај вас. Во овој чекор важен е квантитетот. Запрашајте се во што сте добри и одговорете си без да дозволите скромноста да ги скрати можните одговори. На пример, дали знаете добро да го планирате буџетот, колку сте добри во логичкото размислување, дали препознавате шаблони, дали знаете како да проникнете во суштината на апстрактните работи, дали сте точни и секогаш на време и слично. Потоа одговорете си и на прашањето што е она кое знаете да го правите, а си доаѓа природно и сами сте го смислиле. На пример, дали самите сте сфатиле како да спакувате облека за десет дена во мал куфер, сами сте создале интересна варијанта на некој рецепт или нешто слично.
Шаблонот
Сега побарајте поврзаност меѓу некои ваши вештини и групирајте ги. Направете група со работи кои уживате да ги правите, вештини кои се добро платени, вештини кои не ги користам во животот, вештини кои сакам да ги подобрам, итн. Самите изберете си какви групи на вештини ќе си направите. Не грижете се ако веднаш не добиете резултати кои ќе ви дадат подобра слика за себе. Повторете ја вежбата доколку е потребно и одново барајте поврзаност меѓу тоа што претходно сте го напишале. Ако веднаш не ви текнува што да напишете, ставете го листот хартија некаде и допишувајте кога ќе се сетите на нешто друго. Целта на вежбата е да ви даде подобар преглед на сопствените вештини и да ви даде надеж дека навистина ве бива за нешто. Направете ја, повторете ја ако е потребно и ќе успеете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.