Вежба која заменува 1.000 стомачни за само 60 секунди
Стомачните за многумина е една од најтешките вежби, но сепак сите посакуваат рамен и цврст стомак. За среќа, експертите за фитнес пронашле решение кое има моќ да замени 1.000 стомачни вежби за само 1 минута. Станува збор за статична вежба на издржување каде што целата тежина од телото лежи врз дланките и прстите на нозете, додека телото стои рамно.
При изведувањето на оваа вежба, вашето тело не смее да се помести ни милиметар. Издржувањето е патот до рамен и цврст стомак, но и до безболен грб бидејќи силните стомачни мускули овозможуваат голема поддршка за ‘рбетот. Доколку ја практикувате оваа вежба неколку пати неделно, по 10-тина минути, вие ќе постигнете многу подобри резултати отколку да правите секојдневно по 1.000 стомачни.
1. Притиснете ги рацете и колената на подот, така што зглобовите треба да ви бидат во иста линија со рамената, а грбот рамен. Погледот подигнете го околу 30 сантиметри пред вас, а носот нека ви биде насочен кон подот.
2. Испружете ја десната нога наназад, така што прстите ќе ви останат свиткани, а потоа испружете ја и левата. Тежината на телото треба во целост да ви се потпира врз рацете и прстите на нозете.
3. Притиснете го целиот средишен дел од телото и задржете го 20 до 60 секунди.
4. Одморете се. Спуштете ги колената на подот и седнете врз петите така што палците ќе ви се допираат додека колената ви се раздвоени. Спуштете го торзото до бедрата, а со челото нежно допирајте го подот. Рацете испружете ги пред себе и опуштете се.
5. Повторете од почеток. Направете 3 повторувања на оваа вежба. Кога изведувањето ќе ви стане полесно, продолжете го времето на издржување повеќе од 60 секунди.
Me interesira koj e avtor na ovoj post? Ocigledno ovde nekoj nekogo kopira t.e. preveduva od stranski sajtovi. So pocit Cacko.