Весела велигденска трпеза: Израдувајте ги најмилите со погачи во форма на зајачиња

Весела велигденска трпеза: Израдувајте ги најмилите со погачи во форма на зајачиња

Променете ја и разиграјте ја велигденската трпеза со овие интересни погачи кои ќе ги развеселат најмалите. Велигденските зајачиња се вкусни, крцкави печива кои ќе бидат еден сладок додаток на вашето празнично мени и кои ќе дадат навистина посебна декорација.

Весела велигденска трпеза: Израдувајте ги најмилите со погачи во форма на зајачиња

Потребни состојки:
  • 250 милилитри топло млеко
  • 3 кафени лажици сув квасец
  • 85 грама шеќер
  • 3 жолчки
  • 4 супени лажици стопен путер
  • 750 грама брашно
  • 1 кафена лажица сол
Начин на подготовка:

Во еден поголем сад смешајте ги млекото, сувиот квасец и шеќерот. Потоа, додадете ги жолчките и 250 грама од брашното. Добро промешајте и оставете го да отстои 5-10 минути. Потоа, додадете го стопениот путер и остатокот од брашното и размесете. Прекријте го тестото со фолија и оставете го да нарасне 20 минути. Потоа, со рака формирајте тело на зајаче и со ножица засечете го местото каде ќе бидат ушињата. Направете очи со помош на чепкалка за заби. Наредете ги зајачињата на хартија за печење и ставете ги во рерна загреана на 220 степени. Печете околу 20 минути, додека тестото не порумени.
Во продолжение погледнете го видеото за дополнителни инструкции:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    kosata …starsno

Остави коментар