Вегански сирови бајадери: Рецепт со ореви, лешници и бадеми
Поиграјте си со вкусот и ќе добиете совршена бајадера во 3 слоја која ќе се топи во вашата уста
Потребни состојки за првиот слој:
- 140 грама ореви, измелени
- 120 грама кокосово масло
- 50 грама сиров кокосов шеќер кој не е термички обработен
- 2 лажици какао во прав
Начин на подготовка:
Во сад на пареа растопете го кокосовото масло и додајте сирово какао во прав, па измешајте. Ставете го во блендер кокосовиот шеќер и додајте ги измелените ореви заедно со кокосовото масло и какаото и оставете ги да се матат сè додека не добиете кремаста смеса. Откако ќе завршите сипете ја смесата во силиконски калап и оставете ја во замрзнувач да се зацврсти.
Потребни состојки за вториот слој:
- 135 грама бадеми, измелени и исчистени од кората
- 40 грама кокосово брашно
- 30 грама кокосов шеќер, измелен
- 130 грама кокосово масло
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги во блендер, а потоа смесата сипете ја врз првиот слој во калапот и повторно вратете во замрзнувач за да се стегне.
Потребни состојки за третиот слој:
- 130 грама лешници, измелени
- 120 грама растопен путер од какао
- 2 лажици какао во прав, сиров
- 55 грама кокосов шеќер, измелен
Начин на подготовка:
Растопете го путерот од какао на пареа, а потоа додајте му го и какаото во прав. Сите состојки измешајте ги заедно во блендер и на крај сипете ја смесата врз вториот слој во калапот и за последен пат оставете ја во замрзнувач да се стврдне.
Совет: Слободно чувајте ја бајадерата на собна температура со цел да ви биде помека.
Рецептот е оригинално објавен на Здраво и сласно.