Претходно
Вегански рецепт: здрав карфиол во облик на „Mac and Cheese“
Цветовите од карфиол прелиени со вегански крем сос се совршен прилог или главно јадење. А еве и како да го подготвите овој специјалитет.
Потребни состојки:
- 1 главица карфиол, разделен на цветови
- 240 мл незасладено бадемово млеко
- 150 г млади моркови
- 65 г ореви
- 2 лажички сув квасец
- 2 лажички сенф
- 1 лажичка мелен бибер
- 1/2 лажичка лук во прав
- 1/2 лажичка кромид во прав
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Ставете во тенџере на оган 500 мл вода и оставете водата да зоврие.
- Додадете ги цветовите карфиол, покријте ги со капак и оставете ги да се варат 10 минути за да омекнат. Исцедете ги и тргнете ги на страна.
- Измешајте ги оревите и морковите и залијте ги со вода. Варете ги на ниска температура 10-12 минути или додека морковите не омекнат.
- Ставете ги оревите и морковите во блендер, додајте го бадемовото млеко, сувиот квасец, сенфот, кромидот и лукот во прав, биберот и морската сол. Промешајте додека смесата не стане мазна и кремаста.
- Додајте го карфиолот во сосот, измешајте и сервирајте.
Можеби сакате да прочитате како се подготвуваат и посни крофни со шлаг.