Претходно
Вегански чоколатца кои ќе ве освежат во жешките летни денови
Одлична замена за сладолед во жешките летни денови
Потребни состојки:
За тестото:
- 250 г цели бадеми
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици кокосов сируп (може и јаворов сируп или мед како замена)
- 1 лажица путер од бадем или путер од кикиритки
- ½ лажиче цимет
- Прстофат морска сол
За средниот слој:
- 2 средно зрели излупени банани
- 60 мл кокосово масло, омекнато
- 2 лажици путер од бадем или путер од кикиритки
- 1 лажиче екстракт од ванила
- Прстофат морска сол
За чоколадниот прелив:
- 3 лажици чоколадни трошки
- ½ лажица кокосово масло
Начин на подготовка:
- Поставете хартија за печење на четириаголен плех. За да го подготвите тестото, ставете ги бадемите во блендер и мелете додека не добиете ситни трошки, малку покрупни од песок. Додадете ги и останатите продукти за тестото и мешајте додека не се соедини смесата. Смесата треба малку да се лепи и да ви останува на прстите кога благо ќе ја притиснете. Ако не се случува ова, додадете малку вода и мешајте уште неколку минути.
- Откако смесата добро ќе се измеша, турете ја во плехот. Потрудете се да биде еднакво распоредена и потоа нежно притиснете. Ако смесата ви се лепи за рацете, можете да ги наводените. Додека го подготвувате средниот слој, плехот нека стои во замрзнувач.
- За подготовка на следниот слој повторно ви е потребен блендерот. Измешајте ги сите продукти кои ви се потребни за средниот слој и миксирајте ги додека целосно не се соединат. Потоа извадете го плехот од замрзнувач и турете ја смесата врз првиот слој. Откако повторно ќе ја изедначите смесата, вратете го плехот во замрзнувач каде треба да стои 1 до 1 и пол час, додека средниот слој целосно не замрзне.
- Кога средниот слој е веќе цврст, време е да го подготвите чоколадниот прелив. Во мало тенџере загрејте ги чоколадните трошки и кокосовото масло на најниска температура и мешајте додека целосно не се растопат. Кога веќе половина од чоколадните трошки се стопени, тргнете го тенџерето од оган и мешајте додека целата смеса не се стопи. Потоа, извадете го плехот од замрзнувачот и исечете го тестото на четириаголни парчиња. Потурете ги со чоколадниот прелив и вратете ги во замрзнувачот сѐ додека не се стврдне чоколадото. Уживајте во нив штом ги извадите од фрижидер затоа што многу брзо се топат.