Ведрина и добро расположение: Бидете позитивен пример за своите деца
Децата сакаат да бидат во друштво на позитивни и насмеани луѓе, додека мрачните луѓе ги плашат и ги исполнуваат со непотребна негативна енергија. Истражувањата покажуваат дека ако децата растат во негативна околина тогаш и самите како последица ќе станат песимистички настроени, бидејќи пред сѐ тие се огледуваат на родителите, бабите и дедовците, браќата и сестрите, учителите, па дури и своите врсници. Доколку и вие сте секојдневно уморни и нерасположени, тогаш таков модел за себе ќе изградат и вашите деца. Затоа е важно да бидете позитивен пример дури и во оние моменти кога ви е најтешко. Еве како да го постигнете тоа…
1. Нека ја запомнат вашата насмевка кога ги будите наутро и ги испраќате на училиште.
2. Не дозволувајте да ги растажуваат ситниците. Објаснете им дека ништо не е црно-бело, туку дека во сѐ во постои убавина и причина за да се биде среќен.
3. Кога ќе се вратат од училиште, наместо веднаш да ги „нападнете“ со прашања дали биле добри и дисциплинарни, прашајте ги најпрвин дали им се случило нешто убаво.
4. Опкружете ги со позитивни луѓе, бидејќи тоа добро ќе се одрази на нив и ќе влијае врз формирањето на оптимистички поглед на животот.
5. Ако сте тажни, утешете ги и објаснете им дека утре е нов ден и тоа значи нова шанса за насмевка.