Веднаш проверете: Што восокот од ушите може да открие за вашето здравје?
Нормалниот восок од ушите може да биде помеѓу портокалова и кафеава боја, но жолтиот или зелениот восок, чешањето во увото или истекувањето од ушите може да бидат показатели за инфекција.
1. Ушниот восок е жолт или зелен
Ако при чистењето на ушите восокот е со зелена, жолта, црна или бела боја, многу е веројатно дека е присутна инфекција и дека треба да го посетите вашиот доктор. Инфекциите се јавуваат во многу краток рок и често е скоро невозможно да се утврди нивната причина.
2. Ушниот восок е ронлив
Ако тој е ронлив и ако кожата во ушниот канал се лупи, постои веројатност дека имате егзема. Ако восокот од ушите подолго време е ронлив, постои можност дека човекот пати од псоријаза, што не е толку честа појава.
3. Ушниот восок има мирис
Тој никогаш не би требало да има мирис. Мирисот обично значи дека е присутна инфекција во телото. Понекогаш самата личност може да го почувствува непријатниот мирис или пак некои други луѓе да ја предупредат за тоа. Сепак, потребно е колку што е можно порано да се посети доктор за да се утврди дали е збор за инфекција или пак нешто друго.
4. Ушниот восок истекува надвор од ушите
Нормално е ушите да бидат мокри после вежбањето, но ако наутро се разбудите и видите жолти дамки од восок на перницата или на ушните ресички се допира закоравен восок, тоа е знак на инфекција или хронични болести на увото.
5. Можете да го почувствувате ушните восок
Ако можете да го почувствувате восокот во ушните канали, тоа би можело да значи дека восокот е згуснат и блокиран, односно потребно е да отидете на доктор за чистење. Спротивно на општото мислење, стапчињата за уши не ги чистат ушите, а со нив поголемиот дел од луѓето всушност го туркаат восокот подлабоко во ушниот канал, што може да резултира со насобирање на восокот, иритација, па дури и оштетување на тапанчето.
6. Ве чешаат ушите заради восокот
На секого понекогаш му се случува да го чешаат ушите, но ако тоа константно се случува, тоа е сигнал дека нешто не е во ред со увото. Чешањето во увото или околу ушниот канал може да биде симптом на инфекција.
7. Ушниот восок е сув или со темна боја
Ако забележувате дека восокот со тек на време е сѐ погуст или посув, тоа е нормален знак за стареење. И тука нема грижа дека станува збор за некој симптом од некоја болест.
Доколку имате проблем со затнато уво, ова е решение со кое веднаш ќе почувствувате олеснување.