Ве „убиваат“ ли стапалата од одење на високи штикли?

Ве „убиваат“ ли стапалата од одење на високи штикли?

Речиси секоја жена на светов обожава да носи високи потпетици, бидејќи тие прават да се чувствува секси, моќно, женствено и елегантно. Но, за жал, и покрај тоа што постојат многу прекрасни женски чевли на висока штикла низ бутиците, тие најчесто се неудобни за носење, па после неколку часа, наместо да се чувствуваат атрактивно, жените ги измачува сериозна болка во стапалата, која ги тера да посакаат да си тргнат боси накај дома.Ве „убиваат“ ли стапалата од одење на високи штикли?

Како и да е, жените поднесуваат разни типови болка за да изгледаат убаво, а еден од нив е и болката во стапалата од високи потпетици. Бидејќи поголемиот дел од вас не планираат да се откажат од ова болно задоволство, ви предлагаме неколку совети и трикови, како да се справите со овој проблем:

Ве „убиваат“ ли стапалата од одење на високи штикли?

1. Ставете едно парче тенок картон на подот, застанете со стапалата врз него и нацртајте го нивниот облик. Потоа, со ножички исечете го картонот според нацртаната линија, така што ќе добиете импровизирани влошки. Картонските влошки понесувајте ги со вас, секогаш кога одите на шопинг по чевли. Пробајте да ги вметнете влошките во избраните чевли. Доколку не одговараат, тоа значи дека чевлите се претесни за вашите стапала и облик на прсти, без разлика дали одговараат на вашиот број.

2. Друг начин да проверите дали чевлите кои ги купувате одговараат на вашите стапала, е да го пикнете малиот прст од раката помеѓу задниот дел од стапалото и чевелот, додека стоите исправени. Малиот прст треба да го собере во задниот дел од чевелот и не треба да има ни повеќе ни помалку простор од тоа. Не слушајте никој кој ви вели дека чевлите ќе се рашират доколку ви се малку тесни. Добрите чевли ќе ви бидат идеално точни уште додека ги пробувате во продавница.

Ве „убиваат“ ли стапалата од одење на високи штикли?

3. Доколку задниот дел од стапалата ви излегува од чевлите додека се движите, тоа значи дека тие не ви одговараат.

4. Воздржете се од носење чорапи кои премногу ви ги стегаат стапалата кога носите високи потпетици,  бидејќи тие ќе ви нанесат дополнителна болка.

5. Ограничете го времето кое го поминувате во штикли.

6. Ноктите на стапалата, сечете ги рамно при врвовите.

7. Уморните, болни стапала после долгата журка помината на високи штикли, потопете ги во леген со млака вода и сапуница, за да ги опуштите малку. Потоа под млаз вода можете наизменично да пуштате топла па студена вода, за да ја подобрите нивната циркулацијата. Откако ќе завршите, убаво избришете ги стапалата и помеѓу прстите и намачкајте ги со маст за циркулација од ментол или крема за стапала, притоа правејќи им нежна масажа.

Ве „убиваат“ ли стапалата од одење на високи штикли?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар