Важни животни лекции од олимписките натпреварувачи

Важни животни лекции од олимписките натпреварувачи

На секои Олимписки игри сме сведоци на неверојатниот талент и напорната работа на спортистите од целиот свет. Не само што е неверојатно да ги гледате како се натпреваруваат, туку од овие луѓе можете да научите навистина бесценети животни лекции.

Важни животни лекции од олимписките натпреварувачи

Семејството е најголема поддршка

Без разлика која е вашата цел во животот, вашата успешна приказна не може да започне без поддршката од најблиските, односно семејството. Нивната безусловна љубов и желбата да ви помогнат на вашето патување формира цврста основа на којашто можете да стоите додека ги следите вашите соништа. За олимписките натпреварувачи оваа поддршка најчесто е од посветените родители кои ги носат на тренинзи, плаќаат за тие тренинзи, навиваат за нив и им помагаат кога се чувствуваат лошо.

„На почетокот на мојата спортска кариера моите родители дефинитивно беа најважниот дел од патувањето. Немаше да бидам во спортот без нив“, изјавила Ангела Ругиеро, американски хокеј играч.

Следете ги вашите соништа дури и кога ќе се сопнете

Кога се движите кон некоја цел, лесно е да се демотивирате кога ќе се соочите со поголема пречка. Но, како што нè учат олимписките натпреварувачи, дури и кога ќе се сопнете, продолжете понатаму. Британскиот тркач Мо Фара е вистински пример за ова. Во 2016-та година на Олимписките игри во Рио, тој се сопна на 10-тиот круг во трката од 25 круга. Наместо да се откаже, тој стана и продолжи со трчање, за на крај да освои злато.

„Кога паднав си помислив: Обиди се да станеш, обиди се да станеш. Не паничи, не паничи, не паничи. И тогаш станав и дадов сè од себе да ја завршам трката.“

Победата не значи секогаш да бидете први

Мајкл Фелпс кој може да се пофали со 23 златни медали е еден од најдобрите пливачи во историјата. Но и покрај очекувањата на сите, тој не успеа да го освои првото место во Рио. Овој пораз беше уште позначаен бидејќи тоа беше последната трка во неговата кариера. Наместо да покаже разочарување, Фелпс изјавил дека победувањето за него е нешто несебично и неопипливо за разлика од медал.

„Бев дете со сон и тоа се претвори во неколку медали, неколку добри години со пливање и ми беше убаво. Децата треба да веруваат во себе. Да не се плашат од тоа дека само небото е граница.

Важна е секоја секунда

Оваа фраза има навистина големо значење на Олимписките игри. Разликата помеѓу првото и второто место понекогаш е толку мала, што е невидлива за голо око. Овој дел од секунда може да промени нечиј живот. Во 1964-та година атлетичарот кој бил 52-ро место во трка со велосипеди бил зад победникот само 16/100 од секунда. Во 1988-ма година во трката со пливање победникот го освоил првото место за само стотинка од секунда. Во 1992-ра година во финалето за трчање за жени, жената која била 5-то место била само 1 десетина од секунда зад победничката. Постојат многу вакви примери и сите го покажуваат истото – како во Олимписките игри, така и во животот важна е секоја секунда.

Катастрофата е најдобриот мотиватор

За да сфатите колку мотивира катастрофата, погледнете ги Олимписките игри. Ако ја користите како инспирација можете да добиете неверојатни резултати. Потребно е само да верувате во себе. Захра Немети била удрена од автомобил кога имала 18 години и останала парализирана од половината надоле. Морала да го напушти својот сон за таеквондо, но го заменила со стрелаштво и се натпреварувала на Олимписките игри. Без разлика колку далечни ви изгледаат соништата, секогаш можат да станат реалност.

Погледнете и кои се кратките животни лекции кои кога-тогаш мора да ги научите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар