Занимливости наменети за мажите: Еве што не сте знаеле за вашиот пенис

Важни сознанија наменети за мажите: Еве што не сте знаеле за вашиот пенис

Знаете дека тој бара посебно внимание, но вие сѐ уште не го познавате доволно добро? Еве ги најважните нешта што треба да ги знаете за вашиот пенис.

zanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mk

1. Редовна ерекција = здрав пенис

Според Тобијас Келер – професор по урологија на Универзитетот во Јужен Илиноис – „потребно е да имате редовна ерекција за вашиот пенис да биде во одлична форма“. За да го одржите здравиот тонус, мускулите на пенисот периодично мора да се богатат со кислород преку протокот на крв што води до ерекција.

Ако немате физички тешкотии да добиете ерекција, но не постигнувате во период од три или четири дена, тоа сепак не е причина за грижа. Можеби едноставно се наоѓате во нееротична средина и ништо не ве возбудува доволно.

2. Мозокот го одржува „алатот“

Мозочните импулси се оние кои ве водат до ерекција за време на различните фази од сонот, особено во РЕМ фазата. Не е важно дали сонувате еротски сон или кошмар, вашиот пенис може да биде спремен дури и додека спиете. Од друга страна, некои мажи никако не можат да постигнат ерекција поради проблеми со крвните садови во половиот орган кои најчесто се предизвикани од дијабетес.

3. Не постои врска помеѓу големината на пенисот во ерекција и вон ерекција

Не постои доследна врска помеѓу големината на пенисот во нормална и во состојба на ерекција. Во едно истражување во кое учествувале 80 мажи, утврдено е дека распонот на ерекција од опуштена состојба до неопуштена е прилично широк и станува збор за од 1 до 10-тина сантиметри. Затоа правилото дека мажите со големи пениси во нормална состојба треба да имаат уште поголема ерекција и обратно, овде воопшто не важи.

zanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mk

Анализите покажуваат дека мажите со пократки полови органи во нормална состојба можат да пораснат и двојно повеќе од оние кои се поголеми во нормална состојба. Отприлика, 12% од пенисите се зголемуваат за ⅓ или помалку во ерекција, а само 7% имаат иста должина и во опуштена состојба и во полна ерекција.

4. Осетливоста може да се намали

Според истражувањата, како што старее, мажот ја губи осетливоста на пенисот, но тешко е да се каже во колкава мера. Во суштина, осетливоста на пенисот се мери со последната количина на стимуланси која мажот може да ја почувствува. Тоа се нарекува праг на осетливост. Научно е докажано дека осетливоста почнува да опаѓа на 25 години, а во периодот од 65-75 години тој процес е најизразен.

5. Вибраторот е корисен и за мажите

Момци, вибраторот не е само за жени. Всушност, оваа направа е многу корисна за стимулација на пенисот за мажи кои имаат повреди на `рбетниот мозок – кои предизвикуваат проблеми со ејакулацијата. Вибраторот стимулира одредени делови од нервниот систем по пат на ситни фреквенции. Исто така, постојат одреден број мажи кои патат од одложена ејакулација. Нив дури им се советува да користат лични медицински вибратори.

6. Бактерии

Кожата на пенисот е дом на многу различни видови бактерии. Во текот на едно истражување, научниците користеле генетски тестови за да ги идентификуваат бактериите кои ги пронашле на машките полови органи. Резултатите откриле дури 42 уникатни видови бактерии. Со тоа се потврдува тезата дека човечкото тело всушност е еден голем екосистем.

Меѓутоа, бројот на бактерии зависи и од тоа дали мажите се обрежани или се необрежани. Направени се анализи со примероци од 12 мажи пред да се обрежат. Нови примероци се земени и анализирани откако истите тие мажи биле обрежани. Според резултатите, забележан е помал број на видови бактерии на пенисот по обрежувањето. Голем број бактерии кои биле пронајдени биле од анаеробна природа – што значи дека нив не им е потребен кислород за да се размножуваат.

7. Зона на задоволството

Многу мажи сметаат дека долниот дел и главата од пенисот се најосетливите делови од нивното тело. Истражувачите прашаа 80 мажи да рангираат различни делови од своето тело според нивната осетливост. Тука освен пенисот спаѓале и: скротумот, анусот, брадавиците и вратот. Резултатите покажале дека деловите од пенисот се најосетливи – особено горната страна на главичката, левата и десната страна на столбот на пенисот и препуцијумот (кожниот набор).

1-zanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар