Важни работи што треба да ги знаете за љубовните врски со плачливи девојки

Важни работи што треба да ги знаете за љубовните врски со плачливи девојки

Сите девојки се убави на свој начин. Некои покажуваат повеќе внимание во љубовта, некои помалку, но, доколку одлучите да се впуштите во љубовна авантура со девојка која е премногу емоционална и која премногу плаче, треба да имате предвид неколку важни работи. Еве со кои ситуации често би се соочувале.

Неколку работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со девојка која многу плаче

1. Мислевте дека нивната голема чанта е за носење шминка и по некоја ужина, зар не? Но, грешите! Ако ја отворите нивната гигантска чанта најверојатно ќе најдете многу, многу марамчиња! Тие секогаш мора да ги носат со себе, затоа што не знаат кога може да им бидат најпотребни.

2. Сѐ што е поврзано со животните може да ги натера да заплачат. Особено мали и невини животни, видеа со кучиња или мачки… Не покажувајте им нешто вакво ако сакате да ги видите нивните очи без солзи!

3. Тие сакаат да седат на задните редови во кино салите, за никој да не ги види дека плачат. Ако се состанувате со ваква девојка, тогаш треба да прифатите дека секогаш ќе седите некаде во позадината, каде што таа ќе може слободно да ги изрази своите емоции.

4. Тие многу емоционално ги доживуваат и старите парови кои се држат за раце. Стари, на прошетка, а сѐ уште љубовта помеѓу нив е жива. Овој симпатичен пар дефинитивно ќе ги насолзи нивните очи!

5. Понекогаш може да се растажат и од некои реклами. Тие многу емоционално реагираат и на реклами со животни, мали бебиња или кутри старци…

Неколку работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со девојка која многу плаче

6. Ќе ви биде потребно време да ги разликувате причините за нивните солзи. Понекогаш ќе плачат изразувајќи го детето во себе, а понекогаш едноставно ќе им навираат емоции… Со текот на времето ќе научите да ги разликувате.

7. Едноставно не можат да се воздржат ниту додека гледаат емисии со животни. „Види колку е слатко“ или „Види колку е невино“ се само дел од речениците кои ќе ги слушнете доколку заедно гледате некоја емисија за животните.

8. Тие се свесни дека причините за нивното плачење може да бидат чудни, но сепак не можат да ги запрат чувствата. Овие девојки знаат дека можеби не е во ред да плачат по нивното куче во детството, но, емоциите се посилни од нив.

9. Понекогаш може да помислите дека имаат специфичен начин на шминкање, но вистината е дека шминката најчесто им е размачкана од солзи. Не чудете се ако нивните очи ви изгледаат малку чудно. Тоа е знак дека емоциите повторно ги совладале.

10. Тие емоционално реагираат и кога ќе добијат подароци. За разлика од другите кои кога ќе добијат подароци веднаш ви се заблагодаруваат, емоционалните девојки веднаш ќе почнат да плачат и да ви изјавуваат љубов.

Неколку работи кои треба да ги знаете пред да почнете да се состанувате со девојка која многу плаче


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар