Претходно
Важни настани во секоја врска
Датум: 01 авг 2012
Коментари: 0
Во секоја љубовна врска постојат одредени настани на кои треба да им се пријде со внимание и свест, значајни моменти кои можат да променат многу и мигови кои секогаш остануваат во сеќавањата.
Некои од нив се:
- Првиот бакнеж
- Првиот подарен цвет
- Одбирање на вашата заедничка песна
- Првиот филм гледан заедно
- Првото запознавање со неговото/нејзиното друштво
- Првата заедничка фотографија
- Првиот долг поглед очи во очи
- Првото приредено изненадување
- Кога за првпат ќе ве одбрани пред други
- Првото заедничко гледање на зајдисонцето
- Одење во неговиот/нејзиниот дом за првпат
- Првата подготвена вечера
- Првиот сексуален однос
- Првата ноќ помината заедно
- Првиот заеднички одмор
- Запознавање со семејството
- Првата прегратка за утеха
- Изјавувањето љубов за првпат
- Првата кавга
- Првото смирување
- Првиот подарок
- Првата заедничка одлука
- Купување заедничко милениче
- Почеток на заедничко живеење.
Не заборавајте да ги повторувате овие први и значајни моменти, тоа ќе ја оддржи вашата врска во живот и нема да дозволите романтиката да изумре. Можеби клучот за внесување возбуда во врската е новото, но некогаш подобро е да го повторите старото во уште подобро издание.