Важна психолошка лекција: Изберете да бидете љубезни наместо да докажувате дека сте во право

Важна психолошка лекција: Изберете да бидете љубезни наместо да докажувате дека сте во право

Докторот по психологија и еден од најистакнатите писатели на современа мотивациска литература, Вејн Даер, открива зошто никогаш не треба да се расправате околу тоа дали сте во право. Вие едноставно знаете која е вистината, а туѓото мислење не е ваша работа.

(1) Важна психолошка лекција: Изберете да бидете љубезни наместо да докажувате дека сте во право

Д-р Даер посочува дека кога ќе се најдете во ситуација во која треба да избирате дали да се докажувате дека сте во право или едноставно да бидете љубезни, секогаш изберете ја љубезноста, а еве и зошто:

Единствената работа што треба да ја запаметите е дека треба да се ослободите од потребата да ја одржувате својата лична репутација. Има една прекрасна реченица од којашто можете многу да научите за животот, запомнете ја и повторувајте си ја кога ќе добиете негативни критики. Таа гласи: Тоа што го мислите за мене, не е моја работа. Не ме интересира што мислат другите и дали се оптоварени со тоа мислење“, порачува д-р Даер.

Тој додава и дека луѓето имаат потреба да бидат во право.

Често сум зборувал дека кога имате избор да бидете во право или да бидете љубезни, секогаш одбирајте ја љубезноста. Изберете ја таа опција. Затоа, кога се наоѓате среде некоја расправија, потрудете се, наместо да се докажувате и да ја обвинувате другата страна, што особено се случува во љубовните врски, малку да подзастанете и да размислите: Што би било добро да кажам сега? Што можам да кажам за оваа личност пред мене да се почувствува подобро?“.

Постојаното докажување создава голем притисок, додека љубезноста ве ослободува од непотребната негативна енергија. Затоа, не губете ја енергијата на постојаното докажување. Понекогаш изберете ја насмевката и пријатниот тон на вашиот глас, со што ќе си помогнете првенствено себеси, а потоа и на другата страна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар