Вашите нокти како 10 слатки новогодишни подароци
Се приближува новогодишната прослава, а со тоа започнува женското празнично лудило околу пронаоѓањето на совршената облека и фризура за оваа прилика. Но, што е со вашиот маникир? Со помош на овој туторијал, ќе дознаете како да си ги средите ноктите, на начин со кој ќе покажете дека ве фатила вистинска празнична еуфорија. 🙂
1. Откако ќе ги обликувате вашите нокти со турпија во посакуваната форма и ќе ги турнете кутикулите кон коренот на ноктот, нанесете лак за основа, а потоа обојте 4 нокти од секоја рака со темно црвен лак со светки.
2. На двата нокти кои ги оставивте нелакирани, нанесете снежно бел, непровиден лак, а потоа одозгора нанесете сјаен провиден лак, за и тие да светкаат како црвените нокти.
3. Земете една шпенадла и топчето потопете го во бел лак и нацртајте малечка точка малку подесно од средината на ноктот. Повторете ја постапката кај двата бело налакирани нокти, цртајќи црвена точка.
4. Нацртајте буква „С“ на двете страни од точката, со соодветната боја на лак. Потоа, со многу тенка четкичка нацртајте по три долги латинични букви „V“, за да го постигнете ефектот на триаголно пресечени врвови од панделка.
5. Завршете ја панделката, цртајќи четири прави линии, од точката кон краевите на ноктите. Завршете со лак за финиш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.