Вашата рутина за грижа на лицето ќе стане многу покул благодарение на овие фацијални сладоледи
Кога станува збор за летна грижа на кожата, многу жени знаат да се опуштат и да бидат мрзливи. Крема со заштитен фактор, благ тонер и хидратантна ноќна крема се продуктите кои најчесто се користат за време на топлите месеци. Имајќи го тоа на ум, фацијалните „сладоледи“ можат да бидат најдоброто решение за одржување на негата на кожата што некогаш сте имале можност да го пробате.
„Нарушувањата на кожата во летото се случуваат поради високите температури и густата влажност во воздухот. Ова води до премногу активни потни жлезди што создаваат себум на кожата. Влажноста го спречува ова масло да испари, па тоа создава запушување и нафрлање на лицето. Замрзнатите третмани за кожа инстантно ја оладуваат кожата, притоа забавувајќи го создавањето на себумот“, вели Арлин Ламба, експерт за нега на кожата.
Звучи лудо, се согласувате? Д-р Ламба создава различни месечни начини за грижа на кожата, па за август, таа ги препорачува токму фацијалните „сладоледи“.
„Тие се совршената летна замена за нормалниот серум. Препорачувам да ги користите сладоледите откако ќе го измиете вашето лице, но тие исто така можат да се користат и за да ја оладите кожата по вежбање или топол ден поминат на плажа“, дополнува таа.
Пред да почнете да ги правите овие фацијални „сладоледи“ имајте на ум дека сите рецепти треба да се направат со дестилирана вода поради нејзината неутрална pH. Водата од чешма е многу тврда, што значи дека има висока количина на минерали што ја нарушуваат и променуваат pH вредноста на вашата кожа, притоа влошувајќи ги состојбите како егзема или акни.
Смуди со јаглен
- 4 кафени лажички грчки јогурт
- 2-3 супени лажици активен јаглен
Овој рецепт ќе ви овозможи детоксикација преку пилинг. Грчкиот јогурт содржи високо количество млечна киселина, која ги отстранува сите загадувачи на кожата, додека пак, јагленот ги влече бактериите и токсините надвор од кожата за длабинско чистење.
Употреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути. За најдобри резултати, направете уште еден третман со следниот рецепт.
Смирување
- 60 милилитри вода од краставица (или 60 милилитри алое вода)
- 2-3 кафени лажички органска мелена куркума
Ако на вашата воспалена кожа ѝ е потребно сериозно смирување, овој сладолед на стапче е одличен за вас! Неверојатните антивоспалителни состојки на куркумата го смируваат црвенилото предизвикано од акните и егземата, додека пак, витаминот Ц и кофеинот во краставицата ќе ви помогне да ја хидрирате кожата.
Употреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути.
Розово задоволство
- 3 ситно исечкани листови нане
- 3 супени лажици розова вода
- 2 супени лажици органска кокосова вода
Ако барате едноставен начин за нега на вашата кожа, ви ја препорачуваме оваа комбинација од розова вода, свежо нане и кокосова вода. Покрај тоа што ќе ја избалансира pH вредноста на вашата кожа, розовата вода има и антивоспалително дејство заедно со хидратантни состојки. Нането служи како природен тонер за да ја израмни бојата на кожата, додека пак, кокосовата вода е богата со состојки против стареење.
Употреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути.
Погледнете ги и овие 5 совети за правилна нега на кожата во летните периоди.