Варијанти на традиционалната италијанска пица од регион во регион
Италијанската кулинарска традиција носи безброј традиционални варијанти на пицата кои се разликуваат од регион во регион. Патеписецот Алисон Бинг ја пренесува нивната историја и разликите кои ги носи секој крај од Италија.
Пицата во Рим
Предокот на денешната римска пица е т.н. офа, густо тесто кое се прави со повеќе брашно и вода така што може многу да се развлече без да се раскине. На него можат да му се додаваат било какви состојки, а ќе биде доволно вкусно и само со маслиново масло, рузмарин и сол. Денес, кога римјаните можат да користат разни состојки донесени од други континенти, препознатлив белег на Рим е пицата капричиоза.
Лигуриска пица
Во периодот пред Колумбо да ја открие Америка и да ги донесе во Европа доматите и компирите, во Лигурија, областа околу Џенова, била особено популарна пица д‘Андреа или пица Џеновезе. Тоа било тесто покриено со мали црни маслинки, кромид, мали рипчиња и сол. Дури и денеска во Лигурија секаде може да се најде овој стар традиционален рецепт.
Неаполска пица
Конечниот рецепт на пицата е создаден во Неапол кога во 1889 година генералот Рафаеле Еспозито направил пица со боите на италијанското знаме. На тестото ставил домати, сирење и босилек, со што ја направил пицата маргерита. Од неа наполитанците ја развиле пицата наполитана, која всушност е маргерита на која ѝ се додадени моцарела сирење направено од млеко од бивол и мали домати Сан Марзано. Покрај овие, неаполците имаат уште многу рецепти за пица. Еден од најпознатите е оној за пица ала пескатора, на која врз лутиот доматен сос и лукот ѝ се додаваат морски плодови.
Пицата во Милано
Милано ја создал последната варијација на италијанската пица. Според Алисон Бинг до тоа довела внимателноста на фашонистите да не ја извалкаат својата скапа облека. За нив, Миланските готвачи ја направиле малата панцерота, на која ѝ претходела неаполската преклопена пица калцоне.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.