Валкано розова, боја што ќе ги одбележи венчавките во наредните месеци
Нијансите на розова боја отсекогаш биле актуелни на свечените случувања и манифестации. Од бледо розова, топло розова, пудресто розова, па сѐ до валкано розова која стана вистински тренд за венчавките во 2017-та година. Интернетот и социјалните мрежи се преплавени со идеи за венчавки на кои сѐ е во знак на валкано розовата боја и бојата на месо.
Бидејќи венчавката е бајковит и нежен настан, токму поради тоа воопшто не сме изненадени. За вас е најважно тоа да биде боја која и обично ја преферирате, и во која се чувствувате добро. Сѐ останато оваа боја ќе го направи сјајно. Инспирирајте се со фотографиите кои ги избравме и осмислете ја вашата совршена венчавка.
1. Цвеќе
Валкано розовата е особено добар избор ако се венчавате во текот на пролетта или летото, бидејќи одлично се вклопува во опкружувањето, природата и романтиката. Пронајдете цвеќе во розова боја и спојте го со цвеќе во борда и бела боја. Зеленилото, дрвата, реката или езерото само ќе го засилат идеалниот призор.
2. Венчаница
Валкано розовата венчаница од тул е вистинскиот избор за урбана жена која не се потпира на традицијата и класиката. Сребрената дијадема е задолжителен детаљ за долгата, брановидна коса. Немојте да ја комбинирате валкано розовата боја со силни и контрастни бои како што е црната, за да не го уништите целокупниот впечаток.
3. Деверици и кума
Најдобрите другарки мора да ѝ покажат солидарност на невестата и да изберат лелеави фустани во пастелни бои! Немојте да заборавите дека насмевката на лицето е најубавиот аксесоар којшто можете да го понесете.
4. Декорација на ентериерот
Ливчињата расфрлете ги на патот кон олтарот, а како декорација изберете розови завеси, салвети и свеќи, затемнето светло и магијата може да започне!
5. Костумот за младоженецот
А доколку имате храброст, заменете ги улогите! Кој вели дека младоженецот не може да носи розов костум и притоа да изгледа феноменално? Поиграјте си со боите и личниот стил, бодејќи ова е само ваш ден!