Валкан џин-тоник: Коктел што спојува две задоволства
Изгледа дека веќе некое време омилениот пијалак, односно коктел, на повеќето луѓе им е џин-тоник во разни комбинации. Покрај тоа што овој коктел е вкусен и освежувачки, прави да се чувствувате и убаво кога во него додавате егзотични зачини.
Со цел да ја зачуваат неговата популарност, експертите за коктели непрестано смислуваат нови комбинации. Една од поновите и интересни комбинации е џин тоник со најголемото задоволство на сите – кафе.
За да го подготвите овој коктел, направете џин тоник како вообичаено, а на крај налејте ладно цедено кафе. На овој начин течностите некое време ќе останат разделени, па ќе имате можност и за одлична Инстаграм фотографија.
Оваа комбинација е полн погодок поради специфичниот вкус на џинот и горчината на тоникот, кои одлично ќе се спојат со природната рома на кафе. Со овој пијалак добивате доза кофеин и доза алкохолно освежување, па промешајте и уживајте.
Пробајте го и овој рецепт за тортички со џин и тоник.