Валентино – Колекција „Haute Couture“ пролет/лето 2014
Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли се оние кои беа одговорни за изработката на оваа прекрасна колекција за висока мода од Валентино. Тие изјавиле дека работењето на колекцијата им претставувало неверојатна авантура. Инспирацијата за моделите започнала од природата, а потоа и од покомплексната природа на женственоста, како и општо од светот. Може да се забележи огромна разновидност во дизајните, почнувајќи од нежни и едноставни фустани за потрадиционалните девојки, па сè до смели и бестрашни модели за оние кои не се плашат да ја покажат својата дива страна. Погледнете како оваа колекција изгледаше на модната писта во Париз.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.