Претходно
Уживање за сите дома: салата од 7 слоеви со пилешко
Богата на око, практична и вкусна, оваа салата е совршен оброк за сите во семејството.
Потребни состојки:
- 200 г варено пилешко месо
- 1/2 главица зелена салата, исечкана
- 200 г грашок
- 200 г пченка
- 200 г маслинки
- 200 г сечкан целер
- 200 г чери домати, исечени на половинки
За прелив:
- 285 г грчки јогурт
- морска сол и свежо мелен црн бибер
- сок од 1 лимон
- 1 лажица сенф
- 2 чешниња лук, ситно сечкан
- 1 лажица органски мед
View this post on Instagram
Начин на подготовка:
- Во помал сад измешајте ги сите состојки што се предвидени за преливот и ставете ги во фрижидер да се изладат додека ја подготвувате салатата.
- Првиот слој е составен од ситно сечкано варено пилешко месо кое треба и да го зачините.
- Вториот слој е составен од половинки чери домати.
- Третиот слој е од маслинки.
- Четвртиот слој е од варен грашок.
- Петтиот слој е од сечкан целер.
- Шести слој е од зрна варена пченка.
- Седми слој е составен од зелена салата.
- Помеѓу секој слој треба да наросите сол и бибер.
- На крај одозгора додајте го преливот и ставете ја салатата во фрижидер, сè додека не дојде времето за сервирање.
Можеби сакате да прочитате и како се подготвува „Мимоза“ салата без шунка, богато предјадење со јајца и сирење.