Утринска мејкап рутина со која секогаш ќе изгледате свежо и одморено
Понекогаш на сите ни се случува да станеме наутро, да се погледнеме во огледалото и веднаш да посакаме да се вратиме назад во кревет. Поблаго кажано, изгледаме лошо, поради недостатокот на сон. Секако, не можеме да се вратиме во кревет, бидејќи треба да одиме на работа и да ги извршуваме останатите секојдневни задачи. За среќа тајната за свежиот и одморен изглед во овие моменти се крие во несесерот. Во продолжение дознајте како шминката може да ви помогне да изгледате свежо и одморено, како да сте спиеле 8 часа.
1. Прво, иако природно ви доаѓа да го сторите тоа, немојте да нанесувате премногу темна пудра на лицето, бидејќи ќе изгледате уште поуморно. Наместо тоа, измешајте малку пудра со хидратантна крема за да добиете посветол, свеж тен кој навистина ќе направи да изгледате блескаво и здраво.
2. Откако со коректорот ќе ги средите подочниците, нанесете малку коректор и околу носот и усните за да го сокриете евентуалното црвенило или пигментацијата. Верувајте ни, ова е ситница која прави голема разлика.
3. И хајлајтерот можете да го искористите на поразличен начин, поточно, да го нанесете онаму каде што инаку никогаш не би помислиле. Значи, освен на јаболкниците, нанесете малку хајлајтер и под долните трепки. Очите ќе ви сјаат, а целата област ќе изгледа посветло што автоматски дава свежина на вашиот изглед.
4. Руменилото, особено во розови нијанси, прави чудо за свежиот изглед и тенот кој блеска. Но, заборавете на четката. Нанесете го директно на образите со помош на прстите, бидејќи на тој начин ќе изгледа многу поприродно. Во тој случај, користете кремасто руменило, бидејќи така ќе го нанесете како крема.
5. Кога станува збор за сенките за очи, дефинитивно заборавете ги зачадените очи и темните сенки кои нема да го маскираат тоа што не сте наспани. Освен тоа, таквата „силна“ шминка е наменета за вечерни излегувања. Наместо тоа, избирајте неутрални бои, како што се беж и розовата, а како што веќе знаете, во оваа сезона акцентот е ставен на природниот изглед.
6. Сепак, немојте да ја прескокнувате маскарата, бидејќи таа е клучот за крупни и „будни“ очи. Исто така, најпрво нанесете ја маскарата на горните трепки, а потоа на долните, за да добиете најдобар ефект на густи и извиткани трепки.
7. На крај, не го прескокнувајте карминот. За природен и свеж изглед ве советуваме да користите нежна розова нијанса на кармин, а доколку ви е потребно нешто посилно, изберете црвена.