Претходно
Успешни vs. неуспешни луѓе. Која е разликата?
„Ние сме она што постојано го правиме. Затоа извонредноста не е чин туку навика.“ – Аристотел
Вашиот успех во иднина зависи од вашите постапки денес. Доколку сакате успешна иднина, внимавајте на вашите навики и секогаш вашите постапки насочете ги кон позитивни исходи.
Погледнете ги навиките на успешните наспроти навиките на неуспешните личности. На која страна ќе застанете вие?
Навики на неуспешните личности:
- Дејствуваат пред да размислат.
- Мислат дека знаат сè.
- Се обидуваат да ги спуштат другите на свое ниво.
- Престануваат со учење.
- Размислуваат, зборуваат и дејствуваат негативно.
- Ги обвинуваат другите.
- Повеќе зборуваат а помалку слушаат.
- Се плашат од промена.
- Лесно се откажуваат.
- Залудно си го трошат времето.
- Чуваат за себе и кријат информации и податоци.
- Лесно им се одвлекува вниманието.
- Критикуваат.
- Не си поставуваат цели.
- Секогаш го одбираат полесниот пат.
- Не знаат што сакаат да бидат.
- Тајно се надеваат на туѓ неуспех.
- Чуваат омраза во себе.
- Секогаш се лути на останатите.
- Преголем акцент ставаат на нивните права и овластувања.
Навики на успешните личности:
- Го следат својот напредок.
- Учат од своите грешки.
- Минуваат време со вистинските личности кои влијаат позитивно.
- Одржуваат баланс во животот.
- Си поставуваат цели.
- Размислуваат долгорочно.
- Им делат комплименти и пофалби на другите.
- Прават to-do листи.
- Ја распознаваат својата намера и мисија.
- На другите им посакуваат успех.
- Прифаќаат одговорност за својот неуспех.
- Имаат силна желба и стремеж.
- Работат посветено и со страст.
- Учат, читаат и се подобруваат секојдневно.
- Преземаат ризици.
- Добро се справуваат со проблеми.
- Љубезни се и скромни.
- Споделуваат битни информации кои им се потребни на другите.
- Споделуваат радост.
- Им простуваат на другите.
- Зборуваат за идеи.
- Отворени се за промена.
Можности за успех
Кои ставови ви носат најголеми шанси за успех?
- Го направив тоа. – 100%
- Јас сум. – 90 %
- Јас можам. – 80%
- Мислам дека можам. – 70%
- Би можел/а. – 60%
- Мислам дека би можел/а. – 50%
- Сакам… – 40%
- Посакувам да можев. – 30%
- Не знам како. – 20%
- Не можам. – 10%
- Нема да… – 0%