Успешната љубовна врска е избор, а не случајност

Успешната љубовна врска е избор, а не случајност

Дали постојано завршувате во лоши љубовни врски? Не можете да се сетите кога последен пат сте се чувствувале исполнети и задоволни покрај партнерот. Сигурно си велите дека немате среќа, дека ова ви се случува само вам и дека ви се „лепат“ само чудни момци. Се пронајдовте?

Успешната љубовната врска е избор, а не случајност

Она што треба да го разберете е дека сите врски во животот се ваш избор, а не случајност. Луѓето кои имаат успешни врски не се среќни затоа што така им било пишано, туку затоа што донеле паметни и здрави одлуки поврзани со љубовта во нивниот живот. Тие се среќни и заљубени поради изборот што го направиле.

Со други зборови, можеме да кажеме дека здравите љубовни врски се случуваат по избор, а не случајно. Дали знаете како да ја одржите љубовта и среќата во врската? Доколку се пронајдете во следниве 5 знаци вие дефинитивно не знаете како да имате здрава врска…

1. Секогаш запознавате лоши момци

Секој маж што ќе го запознаете се однесува лошо и во тој случај можеби станува збор за случајност. Но, ако вие започнувате врска со секој од нив, тоа е веќе избор. Доколку забележите дека сите луѓе што ги запознавате се токсични, тоа е последица на вашите сопствени негативни емоции. Здравите, среќни луѓе не ги толерираат токсичните личности. Тие си заминуваат веднаш штом забележат дека се работи за нешто лошо. Не остануваат до самиот крај само за да бидат повредени.

Ако постојано започнувате врска со лоши момци, треба да направите анализа на вашите сопствени мисли и чувства. Зошто мислите дека го заслужувате лошото однесување? Што добивате од овие токсични луѓе? Како влијаат на вас токсичните врски? Какви чувства ви будат? Дали ги повторувате врските што сте ги имале во минатото одново и одново? Одговорите на овие прашања ќе ви ја разбудат свеста.

2. Мислите дека љубовта се случува под среќни околности

Вистина е дека не можете да контролирате во кого ќе се вљубите, но ако постојано се вљубувате во токсични луѓе, можеби тоа што го чувствувате не е љубов. Можеби ви годи вниманието без разлика дали е лошо или добро, можеби ја обожавате сета таа драма. Нема да се согласите со ова, но длабоко во себе веројатно копнеете по драматични ситуации бидејќи така имате чувство дека нешто ви се случува во животот.

За да се роди успешна љубов потребно е малку среќа, но најмногу зависи од направениот избор. Разумните луѓе не им дозволуваат на токсичните индивидуи да влезат во нивното срце. Ако сепак дојде до тоа, тие веднаш ја отстрануваат таа личност од животот.

Успешната љубовната врска е избор, а не случајност

3. Секогаш мислите дека вие сте жртвата

Разумните луѓе знаат дека нивните љубовни избори се направени врз основа на личните вредности и верувања. Но, личноста која постојано вели „Запознав уште еден кретен. Зошто постојано ми се случува ова на мене?“ глуми жртва и не може да сфати дека таа одбрала „кретен“ за себе. Ако постојано одбирате да останете во врска со лошите партнери, вие самите одбирате да поднесувате уште повеќе болка. Успешните врски се случуваат затоа што двајца разумни луѓе решиле дека ќе донесат добри заеднички одлуки, а не затоа што имале среќа.

4. Ги обвинувате другите за вашето скршено срце

Понекогаш судбината навистина ни носи некои прекрасни луѓе во животот, но кога токсичните ќе ви тропнат на врата, тоа не значи дека треба да им отворите. Разумните луѓе ги гледаат токсичните личности како чекаат да влезат и не им ја отвораат вратата. Понекогаш и тие знаат да бидат заслепени за момент, но штом сфатат во каква ситуација се наоѓаат, престануваат да ја отвораат вратата и засекогаш ја заклучуваат. Неразумните луѓе и понатаму ја отвораат вратата. Тие не повлекуваат граница. Неразумните луѓе ги обвинуваат сонцето, месечината и ѕвездите за нивните лоши врски и не признаваат дека тие самите се одговорни за сопствениот избор.

5. Ги обвинувате другите кога нештата ќе тргнат наопаку

Неразумните луѓе секогаш ја префрлаат вината на нивниот партнер поради распадот на врската. Здравите врски, пак, се состојат од двајца партнери кои добро знаат кои се нивните предности и слабости и преземаат целосна одговорност за нивните дела и одлуки. Здравите врски опстојуваат и траат, бидејќи и двете страни од врската си даваат меѓусебна грижа и поддршка, свесни се за сопствените одговорности и сакаат да постигнат личен развој. Тие знаат дека најпрво мора да се чувствуваат добро однатре за да можат да бидат добри партнери.

Среќните врски навистина се случуваат по избор, а не случајно. Колку порано го сфатите ова, толку побрзо ќе можете да преземете одговорност за вашите избори и да ги промените лошите навики и одлуки кои ја попречуваат вашата потрага по вистинска љубов.

Во продолжение прочитајте ги и неколкуте сосема здодевни, но многу ефикасни правила за успешна љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар