Успехот се раѓа од болката: 10 тешки ситуации кои ја зајакнуваат вашата личност

Успехот се раѓа од болката: 10 тешки ситуации кои ја зајакнуваат вашата личност

Карактерот и мудроста се развиваат со текот на времето. Тие произлегуваат од загубите, лекциите и победите. Доаѓаат по сомнежите, грешките и истражувањето на непознатото. Кога би постоел одреден пат до среќата и успехот, тогаш секој би бил таму. Семето на вашиот напредок се посадува во вашите претходни неуспеси. Вашите најголеми приказни потекнуваат од надминувањето на најтешките препреки и од најтешките борби. Вашата слава се раѓа од вашата болка. Затоа, продолжете да стоите на вашите нозе, продолжете да учите и да живеете. Трудете се на непријатните околности да гледате како на најголеми пријатели кои ќе ви помогнат во вашиот развој. Еве некои размислувања кои би можеле да ви помогнат во тоа.

Успехот се раѓа од болката: 10 тешки ситуации кои ја зајакнуваат вашата личност

1. Првиот чекор никогаш не е лесен

Секој прв чекор е најтежок, но токму тој може да ви го отвори патот кон успехот. Бидете силни и задржете ја вербата, а тоа на крајот ќе ви се исплати. Најголемо чудо на вашиот успех нема да биде тоа што сте завршиле, туку вашата сила и храброст што ви биле неопходни за да започнете. Запаметете дека и силните понекогаш чувствуваат слабост и страв, но разликата е тоа што тие и покрај сѐ успеваат да најдат храброст и повторно да се издигнат.

2. Добрите работи никогаш не се брзи и лесни

Доколку очекувате животот да ви биде лесен, тогаш непрекинато ќе се разочарувате. За да достигнете што било што е вредно, потребно е внимание и труд. Усогласете го својот труд со своите цели, настојувајте секој ден да направите еден чекор повеќе од претходниот и борете се посилно од кога било. Упорноста е најчеста особина на луѓето кои ги достигнуваат своите цели. Тие едноставно не сакаат да се откажуваат. Колку подолго издржувате, поголема ќе биде веројатноста дека нешто ќе се случи во ваша корист. Без оглед колку тешко и да ви изгледа, колку повеќе сте упорни, тогаш поголема е веројатноста и дека ќе достигнете успех.

3. Секогаш ќе имате помалку контрола отколку што мислите

Една работа која можете целосно да ја контролирате во вашиот живот е реакцијата кога работите ќе излезат надвор од контрола. Колку повеќе се прилагодувате на реалноста, толку ќе бидете помоќни и побрзо ќе можете да се издигнете по падовите. Едноставно кажано, исполнетиот живот значи да бидете во состојба да ја прифатите ситуацијата онаква каква што е, во дадениот момент. Честопати ќе се најдете во ситуација каде што ќе почувствувате дека ви се случува нешто лошо, а подоцна ќе сфатите дека тоа ве насочило кон нешто подобро. Не е потребно сѐ да контролирате за да пронајдете мир и среќа. Само дајте го најдоброто од себе и дозволете ѝ на судбината да го направи своето. Треба да имате верба дека сѐ ќе биде во ред. Дозволете им на работите да се случуваат онака како што треба, затоа што понекогаш резултатите што не можете да ги промените, на крај ќе ве променат вас, помагајќи ви да го постигнете вашиот целосен потенцијал.

4. Не можете да го избегнете ризикот, без да го избегнете животот

Животот е ризик, а исто така и среќата. Доколку понекогаш не сте малку исплашени, значи дека нешто не правите како што треба. Не грижете се за грешките и неуспесите, туку грижете се за она што го пропуштате кога се откажувате. Треба да се грижите за животот кој не го живеете и среќата која ви бега од рацете. Дозволете си да бидете еден од оние кои преживуваат додека прават грешки, но и кои заздравуваат од нив, станувајќи подобра личност.

5. Вашите најголеми проблеми најчесто се во вашата глава

Главната причина за несреќа и пораз никогаш не е моменталната ситуација, туку вашето размислување за тоа. Среќата и успехот се сведуваат на две работи: начинот на кој размислувате и начинот на кој дејствувате врз основа на своите мисли. Човечките суштества стануваат неверојатни кога ќе почнат да размислуваат дека можат да направат големи работи, токму сега, без потреба на што било друго. Честопати пронаоѓањето на вашиот пат не значи откривање нови работи, туку лежи во новиот поглед на нив. Кога еднаш ќе го направите тоа, ќе сфатите дека постои разлика помеѓу камењата кои ви служат како пречка и камењата кои ви служат само како скалило за да се искачите погоре. Сѐ е до начинот на вашето размислување.

Успехот се раѓа од болката: 10 тешки ситуации кои ја зајакнуваат вашата личност

6. Долгорочната среќа не може да се купи, таа треба да се заслужи

Престанете да се борите за материјалните нешта и почнете да се грижите за она што ви влијае вам. Секој од вас има единствен оган во своето срце, кое го одржува во живот. Ваша должност е да го пронајдете тој оган и да се трудите да го задржите. Што и да правите, не жртвувајте го својот живот за да преживеете. Уживајте во она што не може да се купи со пари. Зачувајте ја љубовта и вербата во себе. Направете работи што некој ден кога ќе погледнете назад на својот живот, ќе ве прават задоволни и ќе ви предизвикаат искрена насмевка на вашето лице.

7. Не очекувајте секој да ве поддржува

Ако секоја навреда или лош збор што ви се упатени ги сфаќате озбилно, тогаш ќе бидете навредени до крајот на животот. Во животот треба да научите дека не морате да се согласувате со сите, а исто така и другите не мора да се согласуваат со вас, па тоа е сосема во ред. Како што Брус Ли еднаш рекол:

„Не сум на овој свет да живеам според вашите очекувања, а ниту пак вие сте на овој свет да живеете според моите.“

Запаметете го овој цитат и не дозволувајте да го заборавите поради туѓите мислења. Потребно е подолго време за да научите да не си судите себеси низ туѓите очи, но кога ќе го направите тоа, тогаш светот ќе биде ваш. Сите сме на оваа земја за да го откриеме својот живот и никогаш нема да бидеме среќни ако се трудиме да живееме според туѓите правила. Затоа, откажете се од грижите за она што мислат другите за вас. Запаметете дека вашите одобрувања се најважни.

8. Подобро ви е без некои луѓе

Во најтешките моменти во вашиот живот вие ќе го откриете вистинското лице на луѓето кои велат дека им е грижа. Тогаш ќе забележите кој ќе остане со вас, а кој не, па ќе им бидете благодарни на оние кои си одат, затоа што ви даваат простор да растете и ви покажуваат кои личности треба да ги цените. Подарете им го вашето отсуство на оние кои не се свесни за вашето присуство.

9. Не можете да имате среќа без да ја почувствувате тагата

За да ја почувствувате среќата, треба да се соочите и со одредена доза тага. Сѐ во животот има две страни. Не можете да очекувате задоволство доколку никогаш не сте почувствувале болка, радост без тага, самодоверба без страв, надеж без несигурност и слично. Животот е серија подеми и падови, авантура која бара преземање ризик и акција која има можност да резултира во успех или неуспех.

10. Што било – поминало, животот продолжува понатаму

Доколку во себе носите некои тешки чувства од минатото, тоа може да ви ја попречи вашата продуктивност во сегашноста. Можете да чувствувате жал за себе или да се однесувате како тоа да ви помогнало да станете подобра личност. Изборот е ваш.

Земете длабок здив и сѐ ќе биде во ред. Можеби тоа нема да се случи денес, но на крајот сепак ќе се случи. Ќе дојде време кога ништо нема да ви оди од рака и ќе се чувствувате заглавени во таа состојба засекогаш, но тоа нема да биде така. Секако, сонцето понекогаш заоѓа, а можеби ќе наидете и на две или три бури, но некогаш тоа повторно ќе блесне. Понекогаш е потребно само да останете позитивни што е можно подолго, па да го видите сонцето кое повторно ќе се пробие низ облаците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар