Урбаниот стил на Тони Зен
Тони Зен, по автоматизам го асоцираме со хип хоп стил, уникатност, респект, мускули… 🙂 Еден од најуспешните рапери и продуценти во земјава, Тони Зен, е македонска ѕвезда со светски стандарди. Неговиот стил е моќен, впечатлив, мажествен, некогаш софистициран, а некогаш по малку див. Како член на групата Урбана димензија, тој се занимава со рап уште од крајот на 90-тите. Во своите почетоци јавноста го знае како Тони Монтана, за подоцна своето уметничко име да го промени во Тони Зен. Во тој период започнува неговата хип хоп револуција. Полни сали, многу хитови, фанови, соработки… Со сигурност можеме да кажеме дека е еден од најдобрите артисти во земјава, а и пошироко. Денес накратко ќе го анализираме неговиот стил.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.