Уметноста на пиењето вода: 10 совети од древните мудреци
Во овие топли летни денови, кога потребата за пиење вода е значително зголемена, не е лошо да се земат предвид значајните совети од древната Ајурведа. Луѓето сметаат дека не се потребни никакви техники за нешто толку секојдневно како што е пиењето вода. Но, како што постојат правила за исхрана, така постои и правилен начин на пиење вода кој најмногу му користи на нашето тело.
Пиењето вода е повеќе од едноставно потпирање на стаклената чаша на усните и голтање. Начинот на кој ја пиете може многу да го промени вашиот живот. За некои луѓе тоа значи дека нема да мораат да трчаат во тоалет цел ден, некои ќе го решат масовното подригнување по јадењето, а некои ќе се ослободат од болното чувство на прејаденост и надуеност по оброците. Потребни се само некои мали и едноставни промени. Во продолжение прочитајте ги 10-те совети на индиските мудреци…
1. Пред сѐ, седнете, па потоа напијте се вода (исто како кога седите за да јадете).
2. Земете мала голтка, не ја пијте цела чаша одеднаш. Голтнете, па земете воздух. Повторете го тоа.
3. Пијте вода во текот на целиот ден. Ако испиете премногу вода одеднаш, вашето тело нема да ја впие целата таа течност. Поголемиот дел од неа само ќе помине низ вас.
4. Температурата на водата треба да биде како собната. Топлото е секогаш подобро. Ладната вода буквално ја гаси храната што сте ја внеле.
5. По јадењето, земете мала голтка вода. Ако пиете премногу додека јадете, вашиот стомак нема да има доволно простор за дигестивниот процес. Запаметете го следново правило: Наполнете го желудникот 50% со храна, 25% со вода и оставете 25% празен простор за процесот на варење.
6. Од истата причина не пијте многу вода пред или по оброкот. Како што веќе кажавме: 50% храна, 25% вода и 25% оставете празен простор.
7. Пијте кога сте жедни. Жедта е природна потреба која треба да се исполни. Тоа значи дека на телото му треба вода.
8. Што се однесува до количината, сите луѓе се различни со различна тежина, различна исхрана и начин на живот. Универзалното правило од осум чаши дневно не може да се примени кај секого. Чудесното човечко тело има сопствен вграден мерен систем: Жед. Ако сте жедни, пијте вода. Кога ќе ги слушате сигналите што ви ги праќа жедта и ќе пиете вода во текот на целиот ден, ќе ја најдете вистинската мерка.
9. Вашата урина може да ви послужи да проверите дали вашето тело е доволно хидрирано. Таа би требало да биде прилично бистра и со боја на слама. Доколку е темно жолта, треба да пиете повеќе вода.
10. Вашите усни се уште еден показател. Ако се суви, вашето тело е веројатно дехидрирано.
Овие правила се многу едноставни, дури и очигледни. Но, можат да внесат огромни промени во вашиот живот и да влијаат на тоа како се чувствувате. Важно е да станете свесни за тоа што го јадете и пиете и да ги слушате сигналите што ви ги праќа телото. Не ја занемарувајте жедта. Послушајте ја големата мудрост на Ајурведата и веднаш ќе забележите значително подобрување на квалитетот на вашиот живот и здравје.